Како да го спасите вашето куче во 6 чекори?

Здравствените проблеми кај кучињата можат да се појават во секој момент. Доколку вашето куче одеднаш престане да дише или му застане срцето, ќе немате време да барате ветеринар. Затоа добро е да знаете како можете да му помогнете на вашето куче во овие ситуации.

kako-da-go-spasite-vasheto-kuche-vo-6-chekori-01.jpg

Постојат две основни процедури што би требало да ги знаете – компресии и вештачка респирација.

Проверете го дишењето: Ставете ја раката пред носот на кучето и пробајте да го почувствувате воздухот. Исто така обрнете внимание дали неговите гради се креваат и спуштаат. Ако кучето не диши, проверете да не има нешто во устата и извадете му го јазикот надвор.

Проверете го пулсот: Притиснете го големото перниче од шепата на кучето за да го почувствувате пулсот. Можете да го проверите и на местото каде што ногата се спојува со телото.

Доколку кучето не дише и нема пулс, ќе треба да извадете кардиопулмонална реанимација.

Предупредување: Немојте да изведувате кардиопулмонална реанимација на здраво куче!

Прв чекор: Правилно наместете го кучето

- Легнете го кучето на страна на рамна површина.

- Главата треба да му биде исправена, а вратот издолжен. На овој начин се ослободуваат дишните патишта.

- Извадете го јазикот од устата на кучето, поставете го помеѓу неговите заби и затворете му ја вилицата. Застанете зад кучето.

kako-da-go-spasite-vasheto-kuche-vo-6-chekori-02.jpg

Втор чекор: Најдете го неговото срце

- За поголеми кучиња: Процедурата се изведува на најширокиот дел од градниот кош, во близина на срцето, но не директно врз него.

- За помали кучиња (16,6 килограми и помалку): Поставете ги прстите од едната страна на градите, а палецот од другата, или само користете ги врвовите од прстите.

kako-da-go-spasite-vasheto-kuche-vo-6-chekori-03.jpg

Трет чекор: Компресија

- Поставете ги дланките една врз друга со исправени лакти и почнете да притискате надоле кон градниот кош на кучето. Притискањето треба да биде цврсто и брзо.

- Потребно е да компресирате само 1/4 до 1/3 од широчината на градниот кош.

- Повторувајте ги движењата 15 пати, околу10 секунди.

kako-da-go-spasite-vasheto-kuche-vo-6-chekori-04.jpg

- За помали кучиња: Немојте да ја користите целата дланка за мали кучиња. Употребете ги само прстите или палецот. Исто така, ќе треба да направите повеќе компресии – околу 17 во период од 10 секунди.

kako-da-go-spasite-vasheto-kuche-vo-6-chekori-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg