Мајмун се обидува да избега од зоолошка кршејќи го стаклото со камен (видео)
Доколку сте его изгледале Planet of the Apes, сигурно барем еднаш сте си помислиле дека во филмот има доза вистина. Мајмуните се навистина интелигентни суштества, а шоуто што го приреди еден мајмун во зоолошка во Кина го докажува тоа.
Посетителите во зоолошката Zhengzhou во Кина сведочеле нешто навистина неверојатно – еден мајмун се обидел да го скрши стаклото од неговиот кафез со камен. Уште почудно е што мајмунот претходно го острел каменот, односно од него си направил алат.
Но посетителите не биле единствените исплашени од настанот. Штом стаклото пукнало, мајмунот се исплашил и избегал. Сепак, од љубопитност, веднаш потоа се вратил, па дури и го допрел скршеното стакло.
Тиан Шулијао кој работи во зоолошката споделил дека овој мајмун бил навистина необичен:
„Овој мајмун не е како другите. Тој знае како да користи алати и да ги крши оревите. Кога им даваме ореви на другите мајмуни, тие само ги гризaат. Но тој никогаш досега не го удрил стаклото. Ова е прв пат.
Стаклото е зајакнато па не може да избега. После настанот ги собравме сите камења и му ги земавме ’орудијата‘ на мајмунот. “
https://www.youtube.com/watch?v=cR7WwMUhpk8
Можеби не сте знаеле, но многу малку животни знаат како да користат алати. На пример, шимпанзата користат алати од камен, па дури прават и копја.
Враните, пак, како алати користат гранчиња, а понекогаш и нивните пердуви. Исто вешти се и морските животни. На пример, морските видри користат камења со кои ги кршат школките. Октоподите, пак, користат кокоси како штит.
Сепак, овој мајмун навистина е за восхит бидејќи на некој начин ни овозможува да видиме како изгледа еволуцијата.
Спирова С. | Црнобело