Како да ја препознаете депресијата кај кучињата?

Науката сè уште нема откриено дали кучињата страдаат од депресија на истиот начин како и луѓето. Тие дефинитивно искусуваат промени во расположението, но најчесто овие промени се привремени и зависат од некој настан.

shto-ja-predizvikuva-depresijata-kaj-kuchinjata-i-kako-da-ja-prepoznaete-01.jpg

На пример, кучињата кои изгубиле член од семејството (човек или милениче) минуваат низ период на тагување. Исто така, напуштените кучиња страдаат од тага и несигурност.

Проблемот со дијагностицирање на клиничката депресија е тоа што дури и за луѓето, не постои биолошки тест што ќе ја идентификува состојбата.

Бидејќи кучињата не можат да ни кажат како се чувствуваат, на нас останува да ги забележиме промените во нивото однесување.

shto-ja-predizvikuva-depresijata-kaj-kuchinjata-i-kako-da-ja-prepoznaete-02.jpg

Предупредувачки знаци за депресија кај кучињата:

Депресијата кај кучињата се манифестира на сличен начин како и кај луѓето. Доколку забележите некој од следниве симптоми, добро е да се консултирате со ветеринар:

Промени во апетитот

Кога кучињата се екстремно тажни, најчесто губат интерес за храна и слабеат. Од друга страна, има кучиња кои ја користат храната како утеха, па јадат повеќе и се здебелуваат.

Постојано спиење

Веќе знаеме дека кучињата спијат многу, но ова најчесто се случува кога нивните сопственици не се дома. Доколку вашето куче спие премногу дури и покрај вас и речиси и да не реагира на вашето присуство, најверојатно има некој проблем.

Недостаток од интерес

Доколку вашето куче одеднаш не покажува интерес за играње, шетање и други активности кои обично ги сака, немојте да ги игнорирате знаците. Голема е веројатноста да станува збор за депресија.

Лижење на шепите

Претераното лижење или џвакање може да биде поради некакви психолошки проблеми. Депресивни кучиња често ги лижат или џвакаат нивните шепи за да се смират.

Избегнување и криење

Ова однесување може да значи две нешта – болест или повреда. Кучето кое одеднаш почнало да се крие или сака да биде само, најверојатно го прави тоа бидејќи има некаков проблем. Доколку не забележите физички проблеми, најверојатно е нешто емоционално.

shto-ja-predizvikuva-depresijata-kaj-kuchinjata-i-kako-da-ja-prepoznaete-03.jpg

Причини за појава на депресија кај кучињата

Како кај луѓето, и кај кучињата постојат одредени нешта што можат да предизвикаат депресија. Па доколку забележите промени во однесувањето, обрнете внимание и на вашите постапки.

Недијагностициран медицински проблем

Доколку вашето куче го промени однесувањето секогаш е добро да посетите ветеринар. Неретко депресијата може да се појави поради физички проблем.

Кучето се чувствува игнорирано

Доколку не му обрнувате внимание на кучето како претходно, тоа може да стане депресивно. Обидете се да поминувате барем еден час дневно само со вашето куче, без разлика дали ќе си играте со него, ќе го тренирате или ќе го бањате.

Недоволна физичка активност

За жал, понекогаш кучињата стануваат социјално повлечени доколку не се доволно физички активни. На повеќето кучиња им е потребна поголема физика активност отколку што мислите. Вашето куче треба да биде активно најмалку 20 минути, три пати неделно. Се разбира, уште подобро е ако му овозможите да се движи барем по половина час секој ден.

Губење на член од семејството или милениче

Не е необично кучињата да жалат кога ќе изгубат некого. Имено, тие ги чувствуваат истите основни емоции како нас, вклучувајќи тага, страв, гнев, па дури и посесивност. Кога кучето жали за некој што го изгубил, депресијата е навистина честа.

Депресивен сопственик

Вашето куче многу добро ја анализира вашата емоционална состојба преку тонот на вашиот глас, вашиот говор на телото и други суптилни знаци. Доколку вие се чувствувате напнато, вашето куче може да се чувствува уште поанксиозно. Доколку вие сте депресивни, истото може да важи и за вашето куче.

Строг тренинг

Кучињата кои се тренирани со казни, наместо со награди, можат да ја престанат интеракцијата со нивните сопственици обидувајќи се да ја избегнат казната. Во овој случај почнува да се развива депресија бидејќи кучето се чувствува немоќно и не може да ги избегне негативните ситуации. Поради ова, немојте никогаш да го тренирате вашето куче со казни.

shto-ja-predizvikuva-depresijata-kaj-kuchinjata-i-kako-da-ja-prepoznaete-04.jpg

Како да му помогнете на кучето со депресија?

За среќа, депресијата е само болест што може да се излечи. Потребно е само да имате трпение и да бидете овде за вашето милениче.

Држете се до рутината што е можно почесто

На кучињата им е најдобро кога знаат што да очекуваат. Па, обидете се да направите распоред за хранење, шетање, играње, спиење и слично и да се држите до него. Вежбањето е добар начин да го поттикнете организмот на кучето да почне да лачи серотонин.

Распоред за исхрана и збогатено мени

Важно е да му ја давате на кучето храната на којашто е навикнато. Доколку пак забележите дека не е заинтересирано, изненадете го со некоја ужина. Она што не сака да го јаде ставете го фрижидер, и понудете му го наредниот ден.

Немојте да ја наградувате неговата депресијата

Нормално е да сакате да го утешите вашето тажно милениче, но ако му обрнувате премногу внимание кога е депресивно, тоа ќе продолжи да се однесува така. Подобро е да се обидете да му го одвлечете вниманието со некоја игра или прошетка.

Бидете трпеливи

На кучето можеби ќе му бидат потреби и неколку недели за да почне да се чувствува добро, па важно е да бидете трпеливи. Доколку сепак мислите дека кучето се чувствува премногу лошо, консултирајте се со ветеринар.

Употребете природни лекови доколку има потреба

Постојат одредени природни лекови и растенија што можат да му ја подобрат состојбата на вашето куче. Вашиот ветеринар може да ви даде повеќе совети.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на к...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg