Хуманост на дело: Наместо да го слават 4-ти јули, Американци се грижеле за исплашените животни (фото)
Стари, млади и деца, со музика, песна, храна и приказни се грижеле за животните во засолниште исплашени од огнометите и вревата, наместо да го слават 4-ти јули како сите останати.
Додека најголем број луѓе го прославувале американскиот празник со пукање огномети, гласна музика и пиење, друга група на луѓе се грижеле за крзнените пријателчиња, кои се плашат и вознемируваат од буката.
Центар за грижа и контрола на животни во Америка, MCACC веќе неколку години по ред ја спроведува акцијата „Calm the Canines“, која се организира за да се смируваат и занимаваат кучињата кои се исплашени за време на прославите по повод 4-ти јули, денот на независноста на САД.
Навистина е прекрасно кога ќе видиме дека постојат толку многу добри луѓе, кои се со висока свест за заштитата на животните и ги ставаат на прво место.
Овие луѓе одбиле да го прославуваат американскиот празник како сите останати и го одбележале овој ден на посебен начин.
Тие се собрале на едно место – во засолниште за животни, каде со музички инструменти, песни, приказни, храна и забава се грижеле за згрижените кучиња кои се плашат од пукањето огномети и буката на тој ден.
Стари, млади и деца одвоиле од своето скапоцено време за овие прекрасни животни да имаат некој покрај себе кога се најисплашени.
На официјалната Фејсбук страница на организацијата беа објавени фотки од настанот и се заблагодаруваат што луѓето одвоиле време за секое куче да има некој „на посета“ во тие моменти.
Како изгледа кога луѓето ќе си ја покажат хуманоста на дело - глетка која ќе ви го стопли срцето:
М. М. | Црнобело / Фото: Фејсбук