Работи за кои треба да размислите пред да вдомите куче
Можеби ќе сакате да имате куче во вашиот живот и верувате дека е сега вистинското време за овој чекор. Вдомување на куче е благороден чин, но ова е, исто така, и обврска, па треба сериозно да размислите пред да го сторите тоа.
Кучињата се симпатични и лојални животни кои можат да ни бидат забавни, но треба да знаете дека тие се живи суштества кои имаат свои потреби. Вдомување на куче не е купување на нова играчка, туку проширување на вашето семејство и зголемување на вашите дневни обврски.
Еве за што треба да размислите пред да ја донесете оваа одлука:
Дали вашиот дом е погоден за куче?
Да, вие го сакате просторот во кој живеете, но дали и вашето милениче ќе се снајде во овој простор? Малите кучиња можат да се чуваат во станот, но на големите им е потребен двор и повеќе простор.
Без оглед на расата, кучињата се полни со енергија и сакаат да истражат, па мора да размислите дали вашиот дом е погоден за куче.
Дали често патувате?
Доколку поради вашата работа често патувате ќе треба да размислите дали ќе можете да го земете кучето со вас или ќе треба да пронајдете некој што ќе се грижи за него додека сте на пат. Треба да имате разработен план доколку таквите ситуации често се повторуваат.
Дали веќе сте имале куче или некое друго домашно милениче?
Не ви е потребно некакво завидно искуство во оваа област, но истото може да биде корисно. Ако ова ќе биде вашето прво милениче распрашајте се кај луѓето кои веќе имаат кучиња какви се нивните искуства.
Можете дури и чувате нечие куче неколку дена за да видите како ќе се одвиваат работите.
Дали имате доволно пари?
За да чувате куче потребно е да имате доволно пари за него. Не зборуваме само за храна, која е неопходна, туку и за различни играчки, маска, вакцини, лекови, шампони и сл.
Дали веќе имате домашно милениче?
Ако веќе имате домашно милениче во вашиот дом, треба да размислите како доаѓањето на другото ќе влијае на него. Можеби е добро да се распрашате кои раси на кучиња лесно се вклопуваат со другите.
Треба да ја земете предвид и возраста на другото милениче, бидејќи помладите животни полесно се навикнуваат на едни на други.
Ашера | Црнобело