Фото упатство + сите детали кои треба да ги знаете за капењето на вашето куче
8. Внимавајте да не му влезе сапуница во очите, ушите или носот за да не му биде непријатно, а ако му остане вода во ушите може да дојде дури и до бактериска инфекција. Секогаш почнете од задниот дел на главата и грбот надолу кон грбот, нозете и шепите. Масирајте со шампонот и потоа исплакнете по истиот редослед.
9. Проверете да не има некои грутки или гребнатини, капењето е совршено време за проверка на вашето куче. Ако што било ви изгледа чудно, јавете му се на ветеринарот.
10. Исплакнете го добро затоа што ако остане шампон може да му предизвика чешање и иритација.
11. Подгответе се за неговото тресење затоа што тешко дека ќе го спречите неговиот природен нагон. Почнува од главата и во тој миг користете го пешкирот како штит од хаосот во тоалетот.
12. Исушете го вашето куче едноставно со виткање во пешкир и потоа процесот нека оди природно сушење на собна температура. Ако сакате да го забрзате процесот, користете фен, но вклучен на најслабо и не му дувајте во очите, ушите и носот. Држете го фенот на безбедна дистанца.
13. Подгответе се за неговото „лудо“ однесување по капењето кога ќе сака да се ослободи од мирисот на шампонот или само ќе сака да прослави што капењето е готово. Не му дозволувајте да оди веднаш надвор, ако не сакате потоа да треба да го повторите процесот веднаш.
С. С. | Црнобело