Позитив на денот – Кога миленичето има поубава коса од вас, Сторм е „Рапунзел“ ѕвезда на Инстаграм (фото)
Сторм е 8-годишна кобила од Холандија која ѝ припаѓа на расата Хафлингер (Haflinger mare). Таа стана ѕвезда на Инстаграм благодарение на долгите руси локни кои придонесуваат за нејзиниот необичен и уникатен изглед.
Нејзината сопственичка е 24-годишната Наоми Бекер која ја купила Сторм пред 2 години и се вљубила во нејзините долги руси кадрици, кои интересно многу потсетуваат на нејзината коса.
Самата раса на коњи се одликува со долга и прекрасна коса, но Сторм очигледно е најубавата помеѓу своите, бидејќи не е шишана од кога имала само 2 години.
Ниту Наоми не очекувала над 40 илјади следбеници на Инстаграм кои секојдневно се восхитуваат на убавината на Сторм, која потсетува на Рапунзел од бајките.
Погледнете како изгледа оваа русокоса убавица: