8 знаци дека сте претерано опседнати со вашето милениче
Миленичињата е невозможно да не ги сакаме со целото свое срце, но како и со секоја друга љубов, така и со оваа може да се претера.
Сосема е разбирливо да го сакате своето милениче, да ви значи, да му ги славите родендените и да споделувате фотографии од него на социјалните мрежи. Но, дали можеби претерувате?
Ова се знаци на кои треба да обрнете внимание:
Го носите во ресторан на буквално секое излегување
И се расправате со менаџерите на локали каде не е дозволено внесување на миленици.
Му зборувате со бебешки глас
И тоа трае подолго од неколку минути.
Имате панични напади ако не го видите долго време
Но, за ова никој не може да ви замери, бидејќи е сосема разбирливо.
Се обидовте да го направите интернет-ѕвезда
Можеби и успеавте до одреден степен, но потоа ви стана јасно дека не е тоа целта на чувањето милениче.
Имате радосница за своето милениче
Додека другите околу вас имаат радосница за бебиња.
Мислите дека ве разбира
И му зборувате и му се исповедувате.
Пречесто зборувате за него
Па луѓето ве опоменуваат поради тоа.
Сакате да можеше да ви врати на прашањата
Но, зарем има сопственик на милениче кој не го сака ова?
Е. Д. | Црнобело