Сè што треба да знаете ако одлучите да чувате мачка

Чувањето милениче е многу повеќе од тоа да го одржуваме во живот со храна и вода. Во целиот процес треба да се вложи и многу љубов, но и знаење.

se-shto-treba-da-znaete-koga-odluchuvate-da-chuvate-machka-kako-domashen-milenik-01.jpg

Кога се работи за мачките владее едно општо мислење дека доволно е да имаат простор, храна и омилено место за острење на ноктите. Поради тоа и многумина погрешно сфаќаат дека мачките се лесни миленици за чување и одгледување.

Но, никогаш не заборавајте најпрво на финансискиот аспект. Доколку не сте доволно моќни, тогаш одложете го земањето миленик, бидејќи бара одговорно однесување кон храната, играчките, како и редовните прегледи на ветеринар.

Затоа, овие нешта треба да ги знаете пред да се спријателите со вашето крзнено милениче:

На мачките може да им биде здодевно

Доколку не си играте со нив, не им обрнувате внимание и не им оставате играчки, на мачките може да им биде навистина здодевно.

Ако ви дозволуваат условите, размислете за вдомување на две мачиња, по можност од исто легло. Ако можете да чувате само едно, тогаш расфрлајте им доволно играчки за да можат да си го пополнуваат времето додека се сами.

se-shto-treba-da-znaete-koga-odluchuvate-da-chuvate-machka-kako-domashen-milenik-03.jpg

Мора да ги чешлате редовно

Ова особено важи за расите со долги влакна, но и кратковлакнестите не се исклучок. Нивното лижење на телото не е доволно за крзното да биде мазно и расплеткано.

Исто така, колку поредовно ги чешлате, толку помалку влакна ќе голтаат додека се лижат.

Може да им биде претопло

Ако забележите дека вашата мачка го менува расположението и однесувањето при нагло затоплување на времето, тогаш е потребно да ѝ обезбедите услови да се излади.

Чешлајте ја редовно, проветрувајте, а ако има потреба и вклучете го клима-уредот. Кај долговлакнестите мачки понекогаш е потребна професионална интервенција на скратување на влакната, иако во најголем дел природно отфрлаат дел од крзното, поради терморегулација.

se-shto-treba-da-znaete-koga-odluchuvate-da-chuvate-machka-kako-domashen-milenik-02.jpg

Мачката нема јасно да покаже дека не ѝ е добро

Како и секое живо суштество, така и мачките не се отпорни на болки и болести. Незгодно во тоа е што поради природниот инстинкт, мачката ретко ќе покаже дека не ѝ е добро, бидејќи во очите на противникот тоа е слабост.

Затоа, дури и најмалата промена во изгледот или расположението на вашата мачка треба да биде аларм за посета на ветеринар. Подобро е редовно да ја имате ситуацијата под контрола, наместо да интервенирате предоцна.

Внимавајте на собните растенија

Некои мачки обожаваат да „пасат“ растенија. Не се потпирајте на тоа дека ако нешто не е добро за нив, нема ни да го изедат. Информирајте се дали растенијата кои ги имате дома може да бидат отровни за мачките и за секој случај имајте барем еден телефонски број за итни ветеринарни случаи.

se-shto-treba-da-znaete-koga-odluchuvate-da-chuvate-machka-kako-domashen-milenik-04.jpg

Пуштањето надвор може да биде опасно

Голем број мачки живеат надвор и за жал, нивниот животен век е многу пократок отколку просекот на домашните мачки. Затоа треба да бидете свесни за опасноста од повреди и труења.

Доколку сте решиле вашата мачка да ја чувате дома, тогаш држете се до тоа. Надвор носете ја во транспортер или со поводник (доколку го прифаќа). Прочистувањето од внатрешни и надворешни паразити е задолжително, бидејќи можеме да ги внесеме дома со чевли и облека.

Чувањето мачка е и финансиска обврска

Ветеринарните прегледи, редовното прочистување со ампули, купување квалитетна храна и добар песок за во „тоалетот“, играчките, како и интервенцијата за стерилизација се трошоци кои во даден момент може да бидат сериозен товар на домашниот буџет.

Затоа треба да бидете сигурни во своите можности, бидејќи сте го земале тоа животно за да му дадете подобар живот отколку оној кој би го имало на улица.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
Смешна фото-компилација: Ситуации што им се познати на сите кои чуваат мачка Скршена вазна, истурена корпа за ѓубре… Ако имате мачка, сигурно ќе се пронајдет...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg