Мајка кокошка се претвора во чадор за да ги заштити своите пилиња од дожд (видео)
Мајчинската љубов е нешто што не може да се опише со зборови, а ова видео е доказ за тоа.
Мајка е мајка, па така и мајката кокошка ќе стори сè што е во нејзина моќ за да ги заштити нејзините малечки.
Иконската мајчинска љубов уште еднаш е прикажана на дело во едно видео, снимено во Индија, каде се гледа како мајката кокошка ги шири крилја за да направи „чадор“ за нејзините деца пилиња.
Јасно се гледа дека доброто на нејзините малечки секогаш ќе го стави пред своето добро.
Таа не се грижи дали неа ќе ѝ биде студено и перјето ќе ѝ биде водено, сè додека нејзините деца се суви, заштитени и се чувствуваат добро.
Дури и истражувањата докажуваат дека кокошките веднаш имаат физичка реакција кога нивните пилиња се во неволја, што значи способни се за емпатија и сочувствуваат со нив. Кокошките имаат и т.н. „мајчинска вокализација“, која ја користат за да ги повикаат пилињата.
Погледнете го видеото кое е вистински доказ за мајчинска љубов и пожртвуваност:
С. С. | Црнобело