Мачки во канцеларија - терапија против стрес на работа

Во Јапонија, земјата каде компаниите се познати по долгото работно време и мошне стресната хиерархиска дисциплина, една фирма пронајде делотворна терапија за намалување на стресот – мачки.

machki-vo-kancelarija-terapija-protiv-stres-na-rabota-1.jpg

Во малата токиска канцеларија на информатичката фирма „Ferray“, девет мачки скокаат на колениците на вработените, си шетаат врз тастатурите, спијат, јадат и слободно се движат низ просторијата.

Директорот на компанијата, Хиденобу Фукуда, ја вовел политиката за „мачки во канцеларија“ во 2000-та година, на барање на еден од неговите соработници, дозволувајќи им на вработените да дојдат со својата мачка на работа. Воедно, овој љубител на животните му нуди по 5000 јени (40 евра) месечно на секој што ќе спаси мачка.

И останатите јапонски компании се свртија кон животните за намалување на стресот и напнатоста на работното место. Во јапонската подружница на фирмата „Oracle“, кучето со име Кенди стана нивен „амбасадор“, а задолжено е за дочекување на гостите и смирување на вработените.

Компанија за човечки ресурси „Pasona Grоup“, пак, си „вработи“ со полно работно време две кози во 2011 година, а потоа и две алпаки во 2013 година – делумно за терапевтски цели.

Токио има шеесетина кафулиња каде официјално се дозволени мачки, така што слободно си шетаат меѓу клиентите.

Супер идеја, нели?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Ситуации што им се познати на сите кои чуваат мачка Скршена вазна, истурена корпа за ѓубре… Ако имате мачка, сигурно ќе се пронајдет...
Позитива на денот: Фото-докази дека и животните се грижливи родители Мачка која ги прегрнува своите малечки додека спие, куче кое се радува на новоро...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg