Поларно мече ги прави своите први чекори
Малечкото поларно мече кое се роди во зоолошката градина во Германија конечно ги направи неговите први чекори.
Мечето старо 14 седмици за првпат излезе надвор заедно со неговата мајка Џована.
Тоа весело ја истражува оградата, се качува на карпите, си игра криенка па дури и ѝ намигнува на камерата.
За цело време неговата мајката внимателно го набљудува и стои над него додека тоа се огледува во езерцето.
Ова е трето малечко на 10-годишната Џована која претходно ги има близнаците Нела и Ноби, кои имаат по три години.
Мечето, кое сè уште нема име, нема да остане малечко за долго бидејќи женките од овој вид растат и до повеќе два метри.
М. С. | Црнобело