Најтажното маче во светот се насмевна 1 час откако си најде дом
БенБен е најтажната мачка во светот.
Ова маче до неодамна своите навидум последни денови ги поминувало во засолниште за животни, чекајќи да добие еутаназијa.
БенБен имал скршен ‘рбетен столб, повреди настанати од тапи предмети и нагризано уво. Имал и вишок на кожа на лицето.
Работниците во засолништето велат дека изгледа како да знаел дека наскоро нема да биде на овој свет, па не јадел, не пиел, ниту се движел.
Но, една жена со големо срце, решила да го посвои.
„Успеавме да ги средиме сите документи дено пред да ја добие инјекцијата за еутаназија и го донесовме дома“ - изјавила добрата жена.
За само еден час откако пристигнал во својот нов дом, БенБен неверојатно се трансформирал.
„Веднаш започна да преде и изгледаше како да се смее“ - изјавила неговата сопственичка.
Ветеринарот рекол дека никогаш нема да прооди, но ова среќно маче сега повторно се движи.
Најтажното маче во светот сега е најсреќно.
Н. Г. | Црнобело