Комбе ресторан со посебно мени за луѓе и посебно за кучиња
„The Seattle Barkery“ е мобилен ресторан кој последните 10 месеци има две различни менија, едно за кучињата и друго за нивните сопственици.
Бен и Дон Форд се брачниот пар кој ја осмислиле оваа прилично интересна идеја од нивното комбе да направат мобилен ресторан кој нема да послужува само луѓе, туку и нивните миленици.
Нивното комбе Chevy Step од 1968-та година го паркираат близу парковите и другите места кои се наменети за шетање на милениците и нудат вкусни оброци не само за оние кои ги шетаат своите кучиња, туку и за милениците.
Нивните оброци вклучуваат храна во која може да ужива секој, тука има переци, јаткасти плодови, банани, мали крофнички...
Н. Г. | Црнобело