Златен ретривер „работи“ како помошник стоматолог за да ги смирува децата кои се плашат
Посетата на стоматологот е една од работите која голем број од децата ја доживуваат многу стресно па дури и се обидуваат да ја одложат на секој можен начин.
Но, тоа не е случај во една детска стоматолошка клиника во Нортбрук, Илиноис каде благодарение на еден посебен асистент децата со радост одат на закажаните прегледи.
Овој посебен асистент се вика Џоџо и има 6 години. И секако ова немаше да биде воопшто чудно ако Џоџо не беше 6-годишен златен ретривер.
Џоџо е обучено куче кое има за задача да ги смири пациентите и да го намали нивото на стрес кај истите за време на стоматолошките зафати.
„Кога пациентите се нервозни или исплашени, работите одат многу побавно, но штом Џоџо до нив тие се опуштаат и сè оди побрзо и полесно“ – изјавува Вероника Рентеира, стоматолог кој работи со Џоџо.
М. С. | Црнобело