Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба
Подлога за ладење
Не е важно дали имате клима-уред или вентилатор – кога времето е многу топло, на мачките и кучињата може да им биде многу жешко.
Па, подлогите за ладење се добро решение.
Четка за отстранување влакна
Влакната им се добро познат проблем на сите кои чуваат мачка или куче.
Овие четки се навистина ефикасни бидејќи лесно ги собираат влакната од тепихот, перниците, креветите и слично, без да ги оштетат.
Четка за чешлање
Чешлањето е неизбежно за кучињата, но и за мачките без разлика што самите водат добра грижа за себе.
Со чешлањето ќе го отстраните паднатото крзно, што значи помалку влакна ќе завршат низ домот.
Гребалка за мачка
Колку и да мислите дека мачката ви е воспитана, кога-тогаш ќе ви оштети некој кревет, душек, тепих…
Не можете да ја одвикнете мачката да си ги остри ноктите, па затоа купете гребалка.
Денес можете да најдете гребалки по мошне ниска цена во скоро сите продавници за миленици.
Спирова С. | Црнобело