Работи кои добрите сопственици никогаш не им ги прават на своите кучиња

Ги прескокнувате посетите на ветеринар

Немојте да ги запоставувате рутинските прегледи на вашето куче.

Во многу ситуации, кучето може да има некаков проблем, но да не покажува симптоми.

Ако чекате да се јават симптоми за да одите на ветеринар, може да биде и многу доцна.

Консултирајте се со вашиот ветеринар за тоа колку често да го носите кучето на преглед.

raboti-koi-dobrite-sopstvenici-nikogash-ne-im-gi-prava-na-svoite-kuchinja-05.jpg

Му даваат премногу храна

Кучињата навистина сакаат да јадат, но ова не треба да биде изговор да ги прејадувате.

За разлика од мачките, повеќето кучиња навистина немаат контрола и можат да изедат количество храна што ќе им предизвика проблеми.

Од друга страна, лоша е и дебелината која создава проблеми со здравјето, дури и кај кучињата.

Потребите за храна се различни за секое куче, па консултирајте се со ветеринар за вашето.

raboti-koi-dobrite-sopstvenici-nikogash-ne-im-gi-prava-na-svoite-kuchinja-06.jpg

Ги удираат

Дресирањето и казнувањето со удирање е секогаш лош избор.

Најпрво, ова ќе ја разниша довербата на кучето во вас.

Притоа, од страв дека ќе го удрите повторно, може да стане и агресивно.

Кога го тренирате кучето или сакате да го научите нешто, секогаш користете награди, како храна. Никогаш удирање.

raboti-koi-dobrite-sopstvenici-nikogash-ne-im-gi-prava-na-svoite-kuchinja-07.jpg

Делите храна со него

Проблемот во овој случај е тоа што многу намирници кои се добри за нас, можат да бидат смртоносни за кучињата.

Па, пред да му дадете нешто од вашиот оброк, пребарајте на интернет дали е безбедно за него.

raboti-koi-dobrite-sopstvenici-nikogash-ne-im-gi-prava-na-svoite-kuchinja-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на к...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg