Оптички илузии 1

opticki-iluzii-1-povekjeОптичките илузии се искривено прецепирање на појавата кое често пати може да биде збунувачко. Некои перцептивни заблуди се предизвикани од несовршеноста...


...на нашите сетила, како на пример, тромоста на нашето око, а некои од работата на нашиот мозок.

Во продолжение ви донесуваме неколку интересни оптички илузии и не заборавајте, работите не се секогаш онакви како што ви се чинат.


Hermann-ова решетка

opticki-iluzii-1-1

Ова е една класична илузија а наречена е по Ludimar Hermann кој ја открил во 1870 година. На сите места каде што се сечат белите линии нашите очи гледаат сиви дамки. Но, ако погледнете директно на еден од пресеците, дамките ги снемува.


Слика што ја снемува

opticki-iluzii-1-2

Загледајте се во сликата околу половина минута без мрдање на очите и сликата полека ќе почне да ја снемува. Ова е варијација на Troxler ефект кој наведува на тоа дека ако го фиксирате погледот на одредени точки, околната слика почнува да ја снемува.


Kanizsa триаголник

opticki-iluzii-1-3

Овој триаголник го добил името по психологот Gaetan Kanizsa кој прв го опишал неговото делување. Кога ќе ја погледнете сликата мозокот создава контури на триаголник иако не постојат.


Blivet

opticki-iluzii-1-4

Уште познат и како "Poiuyt" или „Ѓаволска вилица“, а преставува позната илузија од невозможен објект. Два правоаголни крака на едната страна се претвораат во три цилиндрични крака на другата страна.


Илузија на чудовиште

opticki-iluzii-1-5

Оваа илузија можете да ја пронајдете во речиси сите учебници по психологија на светот. Двете чудовишта на оваа слика се всушност со иста големина. Но, нашиот мозок автоматски ги прилагодува сликите што се пооддалечени и поради тоа ни се чини дека пооддалеченото чудовиште е поголемо.

Продолжува....

Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Изберете една куќа и дознајте зошто не сте среќни Што ве кочи на патот до среќата? Која е таа една карактеристика која треба да ја...
Визуелен предизвик: Пронајдете го мрзливецот со бебе на илустрацијата Како се снаоѓате со визуелните предизвици? Пред вас е еден забавен, ќе погодите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg