„Не си го губи животот работејќи за лош шеф“ и уште 8 животни мудрости кои ако ги сфатите порано ќе ви биде подобро

„Не се сите возрасни луѓе паметни и мудри. Немој слепо да им веруваш на тие кои се на позиција или имаат авторитет.“

ne-si-go-gubi-zhivotot-rabotejkji-za-losh-shef-i-ushte-8-zhivotni-mudrosti-koi-ako-gi-sfatite-porano-kje-vi-bide-podobro-001.jpg

Животот е полн со лекции и многу работи учиме во текот на живеењето, но ако некои лекции ги научиме малку порано, тогаш сигурно ќе имаме подобар живот.

Луѓе на Reddit споделуваат кои лекции би сакале да ги научат порано.

Животни мудрости кои ако ги сфатите порано ќе ви биде подобро:

„Не се сите возрасни луѓе паметни и мудри. Немој слепо да им веруваш на тие кои се на позиција или имаат авторитет.“

„Никогаш не признавај дека имаш вештина освен ако не си подготвен/а луѓето да очекуваат да ја искористиш. На работа можеби некогаш е подобро некои таленти да ги зачувате за себе.“

„Во ред е да правиш грешки сè додека учиш од нив. Немој да се плашиш од неуспех.“

ne-si-go-gubi-zhivotot-rabotejkji-za-losh-shef-i-ushte-8-zhivotni-mudrosti-koi-ako-gi-sfatite-porano-kje-vi-bide-podobro-02.jpg

„Научи и втор и трет јазик, сигурно ќе ти помогне на поле кариера, но и при посета на туристички дестинации.“

„Тешките емоции ќе поминат и не треба да ги потиснуваш кога ги чувствуваш.“

„Во поголемиот дел од времето, кога слушаш што ти кажува некој, ја добиваш неговата верзија од тоа што ти го кажува. Немај 100% доверба во тоа што ти го кажува.“

ne-si-go-gubi-zhivotot-rabotejkji-za-losh-shef-i-ushte-8-zhivotni-mudrosti-koi-ako-gi-sfatite-porano-kje-vi-bide-podobro-03.jpg

„Во животот најважни се дисциплината и почитта.“

„Не си го губи животот работејќи за лош шеф. Пронајди подобар.“

„Ти си одговорен за твојата иднина. И никој друг!“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg