Маж си истетовирал стомачни мускули за да може да си пие пиво и да не вежба

Дечко од Велика Британија стана вирален хит со чудното барање од неговиот тату артист – сакал стомачни мускули без да вежба и смислил да го постигне тоа со тетоважа.

si-istetovirav-stomachni-muskuli-za-da-mozham-da-si-pijam-pivo-i-da-ne-vezhbam-01.jpg

Дин Гинтер e тату артист од Велика Британија, кој добил барање од клиент да му истетовира стомачни мускули на стомакот за да биде подготвен за плажа, без да вежба.

Целиот процес траел два дена, односно многу пократко од што би требало да се мине време во теретана за да се направат стомачни мускули по природен пат.

si-istetovirav-stomachni-muskuli-za-da-mozham-da-si-pijam-pivo-i-da-ne-vezhbam-03.jpg

Дин внимателно го истетовирал клиентот, кој му открил дека цел живот сака стомачни, но не сака да внимава на исхрана и сака да си пие пиво.

si-istetovirav-stomachni-muskuli-za-da-mozham-da-si-pijam-pivo-i-da-ne-vezhbam-05.jpg

Се разбира, ова не е здраво и во секој случај подобра опција е вежбањето.

si-istetovirav-stomachni-muskuli-za-da-mozham-da-si-pijam-pivo-i-da-ne-vezhbam-04.jpg

Тату артистот Дин вели: „Пред изработката бев многу возбуден затоа што никогаш не сум правел ваков тип на тетоважа, но задоволен сум, изгледа навистина реално. Ова дефинитивно е едно од најчудните барања кои сум ги имал досега.“

si-istetovirav-stomachni-muskuli-za-da-mozham-da-si-pijam-pivo-i-da-ne-vezhbam-02.jpg

Видеото од тетовирањето што го објави Дин стана хит на ТикТок:

@dean.gunther

here is the healed result of 6pack tattoo everyone's been asking for.#6packtattoo#artist#tattoo#6pack#6packchallenge

♬ 10 Things I Hate About You - Leah Kate

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg