6 причини зошто некои луѓе (ужасно) го мразат Валентајн
Мени за вечера за двајца во скопски локал ќе ве чини околу 3.000 денари, а ќе имате трошок и за подарок, благо, цвеќе... Дали тоа прави да го мразите овој ден? Или пак сте од оние кои го почитуваат и слават? Или пак можеби го славите нашиот празник Свети Трифун?
Денес (14.02) некои луѓе го празнуваат Свети Трифун или Денот на виното, другите Валентајн, односно Денот на љубовта.
Што празнувате вие? Почитувате ли некој од овие празници или едноставно сте алергични на овој ден?
Некои луѓе навистина го мразат Валентајн, а главните причини, според магазинот Insider, се:
Притисокот да потрошите многу пари на картички, подароци, цвеќе и благи работи.
Очекувањето да направите резервација за вечера, која е екстремно тешко да ја направите поради гужвите во рестораните, освен ако не се организирате долго време пред тоа.
И кога ќе успеете да резервирате за вечера, спремете се за огромен трошок, затоа што голем дел од рестораните имаат специјално мени за Денот на вљубените, кое во Македонија за двајца чини околу 3.000 денари (се разбира, цените многу варираат од локал до локал).
-->
-->
Има огромни очекувања вечерта да биде совршена, па голема е веројатноста од тензијата да не си поминете добро, па незадоволни да се скарате со партнерот и да си наштетите на врската.
-->
Ако плановите за Валентајн не ви се исполниле, онлајн цела вечер ќе гледате фотографии од среќни парови со црвени срциња и ќе се чувствувате непријатно, дури и да не сте приврзаник на овој празник.
Иако овој ден е славење на љубовта, прави сингл луѓето да се чувствуваат изоставено.
С. С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото)
„Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат
„Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...

12 причини зошто не сте им допадлива личност на луѓето (и малку ги нервирате)
Не давате толку колку што добивате и заборавате дека реципроцитетот е важен, па ...

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот
Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот
„Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот
„Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...