КОВИД-19 и уште 4 најсмртоносни пандемии и епидемии во историјата на човештвото
Чумата на Јустинијан – непознат број смртни случаи
Крстена по византискиот император Јустинијан Први, ова е првата пандемија предизвикана од болеста чума.
Пандемијата ги зафатила Медитеранот, Европа и Блискиот Исток, а најмногу штета предизвикала во Византиската Империја, особено Константинопол.
Пандемијата е крстена по тогашниот владетел Јустинијан, наводно бидејќи тој се заразил од болеста, но оздравел, и тоа во пикот на пандемијата.
Не е познато колку точно луѓе умреле за време на пандемијата, но се претпоставува дека болеста убила околу петтина од населението на Константинопол, како и 10% од целото население на Земјата.
Пандемијата траела од 541 до 549 година, а се верува дека болеста најмногу се ширела поради стаорци.
Неретко заразените стаорци завршувале на бродови со кои се пренесувала храна, па на овој начин болеста се ширела и преку морињата, стигнувајќи до Египет.
Здравствената состојба во светот била толку лоша, што се верува дека пандемијата, на некој начин, го означува почетокот на падот на Византиската Империја.