Избега од затвор преку тунел, при апсењето на син му загинаа 29 лица: Како Ел Чапо стана најмоќниот нарко-бос во светот?
Ел Чапо беше затворен во затвор со максимално обезбедување, но успеа да избега преку тунел долг 1,5 километри.
Отворот на тунелот бил во неговата ќелија, а завршувал во куќа во градежна област.
Тунелот бил висок 1,7 метри, имал осветлување и вентилација, а ова укажува дека на него се работело долг период.
Во тунелот имало и шини на кои бил монтиран мотоцикл, а властите веруваат дека со ова се транспортирале потребните материјали за градењето на тунелот.
Ел Чапо успешно се криеше околу шест месеци и беше уапсен во јануари 2016 година.
Следната година тој беше екстрадиран во САД, а во 2019-та беше прогласен за виновен за сите обвиненија и доби доживотна казна затвор.
Моментално тој се наоѓа во затвор во САД.
Синот на Ел Чапо, 32-годишниот Овидио Гузман, управуваше со огранок од картелот на татко му.
Ел Чапо го доби Овидио со неговата втора сопруга. Се верува дека Овидио почнал да му помага на татко му околу картелот уште во 2008 година, кога бил тинејџер.
Властите на САД и Мексико веруваат дека тој го води картелот по последното апсење на татко му, заедно со неговите браќа.
Во 2019 година тој беше уапсен по крвава престрелка во Мексико, но беше ослободен речиси веднаш.
Тогашниот претседател на Мексико сподели дека го ослободиле за да спречат крвопролевање.
Исто како татко му, Овидио продолжи со шверцување наркотици, а се претпоставува дека со неговите браќа имаат 11 лаборатории за производство на метамфетамин.
По бурното апсење од 2023 година, Овидио најверојатно ќе биде пренесен во САД за да одговара за своите злодела. Но, тој се соочува и со тужби во Мексико, па веројатно ќе му биде судено и таму.
Овидио не го постигна успехот на татко му и се проценува дека неговото богатство изнесува „само“ 80 милиони долари.
Спирова С. | Црнобело