Мистериозното убиство на Џон Бенет Ремзи и уште 8 морничави злосторства извршени на Божиќ

Самин Имам била убиена на Бадник од страна на нејзиниот љубовник

На Бадник во 2014 година, 34-годишната Самин Имам излегла да се види своето момче Роџер Купер.

Тој ѝ ветил дека ќе ја остави својата долгогодишна партнерка за неа и ќе ја однесе во хотел за заедно да ги прослават празниците.

Наместо тоа, со помош на неговиот брат Дејвид, Купер ја убил.

Имам и Купер се запознале додека работеле во супермаркет во Ковентри, Англија. Иако Купер имал долгогодишна партнерка (и бил поврзан и со трета жена), тој и Имам се вљубиле и започнале врска.

Меѓутоа, бидејќи работите станале сериозни, Самин барала тој да ја остави својата долгогодишна партнерка.

Иако тој ѝ ветил дека ќе ја остави неговата девојка, позади нејзин грб почнал да планира како да ја убие.

И, успеал во тоа, со помош на неговиот брат - ја задушиле со хлороформ и ја отруле со токсични хемикалии како арсен и жива.

Кога нејзиното семејство забележало дека Имам ја нема никаде, пријавиле во полиција.

Инспекторите успешно го следеле мобилниот телефон на Самин до куќата на Дејвид, каде што била убиена. Овде инспекторите нашле шише алкохол што Самин го купила, па сфатиле што се случило. 

Двајцата браќа биле прогласени за виновни за убиство и се очекува да отслужат 30-годишна затворска казна.

9-najstrashni-zlostorstva-izvrsheni-na-Bozhikj-08.jpg

Брус Пардо, облечен како Дедо Мраз, го масакрирал семејството на поранешната сопруга

На Бадник во 2008 година, Брус Пардо се облекол како Дедо Мраз, влегол во неговиот изнајмен автомобил и отишол кај неговата поранешна сопруга Силвија и нејзиното семејство, кои правеле божиќна забава.

Тој имал единствена цел: да ги убие сите.  

Пардо се подготвувал за масакрот со месеци. Купил муниција и почнал да гради уред за прскање гориво.

Во септември нарачал костум на Дедо Мраз. И, во декември, само шест дена откако тој и Силвија го финализирале нивниот развод, Пардо го спровел неговиот план.

Кога осумгодишната внука на неговата сопруга ја отворила влезната врата, Пардо ја застрелал во лице.

Тој влегол во домот и го масакрирал целото семејство на Силвија, вклучувајќи ги Силвија, нејзините родители, нејзините двајца браќа и нивните сопруги, нејзината сестра и нејзиниот 17-годишен внук.

Кога горивото од неговиот уред за прскање неочекувано се запалило, тој бил толку силно изгорен, што костумот на Дедо Мраз му се стопил на кожата.

Пардо побегнал во празниот дом на својот брат, каде што смртно се застрелал.

9-najstrashni-zlostorstva-izvrsheni-na-Bozhikj-09.jpg

Вештерство на Божиќ

Во 2010 година, 15-годишниот Кристи Баму отпатувал од Париз во Лондон со четворица негови браќа и сестри, за да ги помине празниците со својата постара сестра Магали и нејзиниот партнер Ерик Бикуби.

Но, наместо да ги слават празниците со Кристи и другите, Магали и Бикуби ги обвиниле браќата и сестрите дека практикуваат вештерство.

Бикуби тврдел дека Кристи и другите донеле „киндоки“ - збор за вештерство во нивната родна Демократска Република Конго - во неговиот дом во источен Лондон.

Бикуби и Магали со денови го подложувале тинејџерот на ужасни маки. Му ги корнеле забите, му искршиле керамички подни плочки и шишиња на главата, а со клешти му ги виткале ушите.

На Божиќ, Бикуби и Магали го ставиле Кристи во када за „ритуално чистење“.

Но, тинејџерот бил слаб од сета таа тортура и недостаток на храна и вода, а неговите браќа и сестри подоцна им кажале на инспекторите дека „молел да умре“ пред пропадне во водата и да се удави.

За нивното божиќно убиство, Бикбуи бил осуден на минимум 30 години затвор, а Магали на минимум 25 години.

9-najstrashni-zlostorstva-izvrsheni-na-Bozhikj-10.jpg

Роналд Џин Симонс го масакрирал целото семејство на Божиќ

Роналд Џин Симонс планирал специјално изненадување за своето семејство на Божиќ во 1987 година.

Ги убил својата сопруга, неговите деца и неговите внуци во нивниот дом во Арканзас, пред да започне дополнителна серија убиства која таргетирала странци и негови колеги.

Симонс, чие насилство можеби било поттикнато од тајната желба на неговата сопруга да се разведе од него, почнал да убива на 22 декември, кога ги застрелал сопругата и најстариот син, а потоа ја задавил својата тригодишна внука.

Тој чекал уште четири од неговите деца да се вратат дома, а потоа ги убил и нив така што ги задавил.

На 26 декември ги убил синот и снаата и го задавил нивниот 20-месечен син. Потоа, кога пристигнала неговата ќерка Шила, ја убил неа и нејзините две деца.

Симонс убил 16 луѓе. Тој ѝ се предал на полицијата, но никогаш не кажал зошто решил да го убие своето семејство како и останатите луѓе.

Во текот на две судења во 1988 и 1989 година, Роналд Џин Симонс бил прогласен за виновен за сите 16 убиства.

Бил осуден на смрт и починал со смртоносна инјекција на 25 јуни 1990 година, на 49-годишна возраст.

9-najstrashni-zlostorstva-izvrsheni-na-Bozhikj-11.jpg

Убиствата на Мишел Андерсон

Како Роналд Џин Симонс, Мишел Андерсон го искористила семејниот собир на Божиќ како повод за убиство.

На 24 декември 2007 година, Андерсон и нејзиното момче Џејмс Мекинро ги убиле нејзините родители, нејзиниот брат и снаата и двете деца на нејзиниот брат.

Андерсон ги планирала божиќните убиства со недели. Таа подоцна изјавила дека била натерана да убие затоа што нејзиниот брат, наводно, не вратил заем од 40.000 долари.

Не само што нејзините родители застанале на негова страна, туку и ја замолиле да почне да плаќа кирија за мобилниот дом што го чувала на нивниот имот.

Застрашувачкиот повик кон полицијата упатен од снаата на Андерсон, Ерика, успеал да ги сними последните моменти на семејството.

На снимките, Ерика може да се слушне како вика: „Не децата! Не!“ пред Андерсон да ја убие неа, нејзината петгодишна ќерка и нејзиниот тригодишен син.

Андерсон подоцна ги признала убиствата, а таа и Мекинро биле осудени на доживотен затвор.

9-najstrashni-zlostorstva-izvrsheni-na-Bozhikj-12.jpg

Сите овие приказни за злосторства извршени на Божиќ покажуваат дека темнината може да демне дури и во најрадосните денови од годината.

К. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg