Мистериозното убиство на Џон Бенет Ремзи и уште 8 морничави злосторства извршени на Божиќ

За многумина, Божиќ е најубавиот период од годината. Од Мараја Кери со нејзиниот хит All I Want for Christmas кој секоја година е печат за овој празник, до украсување елки, домови, улици, до прекрасен бел снег, мир и радост и многу подароци. Овој празник е празник на светлината и надежта. Но, за некои, Божиќ е обележан со жестоки семејни препукувања, мистериозни исчезнувања и убиства.

9-najstrashni-zlostorstva-izvrsheni-na-bozhikj-01.jpg

Многу од најлошите божиќни злосторства во историјата се случиле поради долготрајни лични огорчености, како во случајот со Брус Пардо, кој после неговиот развод се облекол како Дедо Мраз и ја убил својата поранешна сопруга и осум членови од нејзиното семејство.

Потоа, тука е приказната за Роналд Џин Симонс и Мишел Андерсон, кои го искористиле Божиќ за да усмртат повеќе членови на семејството.

И додека некои божиќни убиства се отворени и затворени случаи, други остануваат трагични мистерии.

Девет од најстрашните злосторства извршени на Божиќ:

Убиство на Џон Бенет Ремзи

Во раните утрински часови на 26 декември 1996 година, Џон и Петси Ремзи се разбудиле и забележале дека нивната шестгодишна ќерка Џон Бенет Ремзи е исчезната.

Петси открила писмо за откуп во која киднаперите барале 118.000 долари за безбедно враќање на нивната ќерка. Нејзините родители веднаш повикале полиција.

Првото место каде полицијата и родителите влегле бил подрумот, каде што го пронашле телото на малата Џон Бенет.

Џон Ремзи веднаш го зел телото на својата ќерка и ја качил по скалите во дневната соба, што за жал ги уништило потенцијалните докази со нарушување на местото на злосторството.

Иако има многу теории (меѓу кои и дека нејзините родители и брат го извршиле убиството), овој случај уште нема финална разрешница.

9-najstrashni-zlostorstva-izvrsheni-na-Bozhikj-03.jpg

Карла Хомолка ја убила сестра си со помош на вереникот

Карла Хомолка се согласила да му помогне на вереникот - силувачот Пол Бернардо - да ја нападне, а на крај и да ја убие нејизната 15-годишна сестрa Тами, на 23-ти декември 1990 година.

До тој момент, Бернардо ѝ бил познат на полицијата во Онтарио, Канада, како „силувачот од Скарборо“, иако сè уште не бил идентификуван.

Бернардо силувал или се обидел да силува најмалку 19 жени кога ја запознал Карла.

Таа му се препуштила на многу од неговите мрачни желби. Но, откако парот се верил, Бернандо признал дека му било здодевно кога имаат секс и бил разочаран што Карла не била девица кога се запознале.

Затоа, решиле да ја силуваат помладата сестра на Карла за време на божиќната забава на нивното семејство.

9-najstrashni-zlostorstva-izvrsheni-na-Bozhikj-04.jpg

Иако двојката не сакала да изврши божиќно убиство, сепак Тами се задушила од повраќање (при силувањето) и умрела.

Во болницата, нејзината смрт била констатирана како случајна и како резултат на труење со алкохол.

А, Пол и Карла, продолжиле да силуваат и убиваат.

Помеѓу 1991 и 1993 година, тие силувале и убиле најмалку две млади девојки пред Карла да одлучи да го предаде Пол бидејќи тој ја претепал.

Парот бил познат како „убијците Кен и Барби“. Иако Пол бил осуден на доживотен затвор, Карла била ослободена во 2005 година.

9-najstrashni-zlostorstva-izvrsheni-na-Bozhikj-05.jpg

Мистериозното исчезнување на децата Содер

На Божиќ во 1945 година, семејната куќа на семејството Содер во Западна Вирџинија изгорела до темел.

Кога чадот се расчистил, Џорџ и Џени Содер биле скршени кога откриле дека пет од нивните десет деца очигледно не можеле да избегаат од пожарот.

Но, како што минувале годините, парот се уверил дека нивните исчезнати деца воопшто не загинале во пожарот.

Иако немало трага од исчезнатите деца, иследниците не пронашле ниту еден од нивните останки во куќата.

На коските им се потребни околу два часа за да изгорат целосно, а нивниот дом горел само 45 минути пред да изгасне пламенот.

Голем број чудни моменти се случиле пред исчезнувањето на децата.

На пример, пред пожарот, еден продавач на осигурување му рекол на Џорџ Содер дека неговиот дом ќе се запали бидејќи го критикувал Бенито Мусолини, што ги налутило Италијанците во градот.

По пожарот биле пријавени и бројни видувања на децата.

Некои локални жители верувале дека ги виделе децата како го гледаат пожарот од автомобил кој поминувал, а една жена тврдела дека ги видела децата во придружба на возрасни кои зборуваат италијански, токму на Божиќ.

9-najstrashni-zlostorstva-izvrsheni-na-Bozhikj-06.jpg

Убиството на За Зел Престон

На Божиќното утро во 2011 година, децата на За Зел Престон се собрале околу елката во нивниот дом во Калифорнија, и ја пронашле нивната мајка легната на каучот со очила за сонце.

Нејзиниот сопруг, Вилијам Валас, наводно им рекол на децата дека „мама се напила и го уништила Божиќ“. Всушност, Валас ја убил претходната вечер, а потоа ја наместил на нивниот кауч за да ги измами децата.

Валас и Престон присуствувале на божиќна забава на 24-ти декември пред да се раскараат дома. Соседите ги слушнале како викаат, а Валас наводно му рекол на еден од роднините на Престон дека пиеле алкохол и тој малку ја бутнал додека се расправале.

Полицијата била повикана, каде што ja нашлe Престон мртва, со јасни докази дека таа и Валас имале насилна расправија.

Инспекторите пронашле крв низ станот, дупки во ѕидовите и врата која била откорната.

Валас бил осуден на 15 години затвор.

9-najstrashni-zlostorstva-izvrsheni-na-Bozhikj-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg