Што открива за вас периодот кога го украсувате домот за празничната сезона?

Ако го украсувате домот кон крајот на ноември, вие сте личност која ужива во празничната сезона, како и личност која е одговорна и сака навреме да ги завршува обврските. Но, што ако украсувате во последен момент или воопшто не го правите тоа?

vo-noemvri-ili-vo-posleden-moment-shto-otkriva-za-vas-periodot-koga-go-ukrasuvate-domot-za-praznichnata-sezona-01.jpg

Кармен Хара, која е родена во Романија, но живее во САД, е психолог и верува дека периодот кога го украсуваме домот за празничната сезона може да открие детали за нашиот карактер.

Кармен вели дека во зависност од тоа дали го украсувате домот во ноември, на почетокот на декември или во последен момент, кажува многу работи за вас.

За Daily Mail таа ги споделува нејзините толкувања:

Ако украсувате пред ноември

Кармен вели дека ако сте дел од малкуте луѓе кои сакаат да ја почувствуваат празничната магија уште пред да почне ноември, тогаш сте личност која сака да биде прва.

„Вие уживате во правењето планови и сакате да завршите сè пред крајниот рок“.

Според Кармен, вие сте и личност која е свесна за хаосот што настанува пред празничната сезона, па со раното украсување всушност го избегнувате.

„Овие вештини ви се од голема корист во животот бидејќи сте добро организирани, подготвени и еден чекор пред сите други“.

Но, Кармен советува дека не треба да брзате во сите ситуации бидејќи некогаш поради ова заборавате да живеете во моментот и се фокусирате само на иднината.

vo-noemvri-ili-vo-posleden-moment-shto-otkriva-za-vas-periodot-koga-go-ukrasuvate-domot-za-praznichnata-sezona-02.jpg

Ако украсувате во ноември или почетокот на декември

Кармен вели дека и овие луѓе се чекор пред другите и сакаат навреме да ги завршуваат обврските.

„Украсувањето во ноември покажува дека навистина со радост ги чекате празниците и си давате време да додадете нешто или да промените некоја декорација пред големиот ден“.

Според Кармен, вие сте оптимисти кои секогаш ги реализираат нивните планови, а си давате и време да се восхитувате на она што сте го сработиле.

Ако, пак, украсувате на почетокот од декември, вие сте реалистична личност која сака да има време секоја задача да ја заврши добро.

vo-noemvri-ili-vo-posleden-moment-shto-otkriva-za-vas-periodot-koga-go-ukrasuvate-domot-za-praznichnata-sezona-05.jpg

Ако украсувате во последен момент

Според Кармен, украсувањето во последен момент, односно околу една недела пред Божиќ, можно е да укажува на личност која настојува да ги одложува обврските.

„Оние кои чекаат една недела, па и еден ден пред Божиќ, веројатно чекаат до последен момент за да завршат проект, да направат резервација, да купат роденденски подарок…

Овие луѓе се помалку оптимистички настроени од оние кои украсуваат порано“.

Кармен вели дека штом украсувате толку доцна, очигледно не сте возбудени за празничната сезона и веројатно украсувањето го гледате како обврска, а не уживање.

„Повеќе сакаат Божиќ само да помине, најверојатно бидејќи празничната сезона не им е значајна. Сепак, се трудат да ја зачуваат традицијата“.

vo-noemvri-ili-vo-posleden-moment-shto-otkriva-za-vas-periodot-koga-go-ukrasuvate-domot-za-praznichnata-sezona-03.jpg

Ако не украсувате

Очигледно, штом не украсувате, празничната сезона за вас не е ништо посебно и сметате дека трудот е залуден.

„Овие луѓе се поголеми песимисти од оние кои украсуваат во последен момент. Тие би сакале целосно да ја избегнат празничната сезона, најверојатно бидејќи не можат да ја поминат со саканите или поради трауматичен настан што им се случил во овој период од годината“.

Кармен вели дека треба да биде разбирливо зошто некои луѓе, едноставно, не ја сакаат празничната сезона и пробуваат да ја игнорираат.

vo-noemvri-ili-vo-posleden-moment-shto-otkriva-za-vas-periodot-koga-go-ukrasuvate-domot-za-praznichnata-sezona-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg