Дупка на лажицата за шпагети и уште 7 детали на секојдневните предмети чија намена сигурно не ја знаете
Дупка на велосипедското седиште
Со оваа дупка се намалуваат притисокот и триењето во областа на препоните.
Додека велосипедистите аматери не би почувствувале разлика од вакво и обично седиште, професионалците минуваат часови на велосипед, па ова седиште им прави огромна разлика.
Дупчиња на стапчето од лижавче
Овие дупчиња го држат лижавчето во место. Доколку ги нема, по некое време тоа ќе почне да паѓа надолу.
Дезени на хигиенските влошки
Веројатно сте забележале дека повеќето хигиенски влошки, особено оние за секојдневна употреба, имаат дезен на едната страна.
Иако овие дезени прават продуктот да изгледа поубаво, не се само од естетски причини.
Поради нив влошките се помеки, полесно се адаптираат на различни тела и можат да ја намалат можноста од претекување.
Дупка на лажицата за шпагети
Дупката на лажицата за шпагети е всушност за мерење – во неа собира доволно шпагети за една порција.
Сега, со ова ново знаење, веруваме дека нема да варите шпагети за цело соседство.
Спирова С. | Црнобело