Популарни совети кои немаат допир со реалноста и можат да бидат штетни ако слепо ги следите

„Имам анксиозност и панични напади. Ако имав по еден долар за секојпат кога некој ми кажал да вежбам или дека сè е во мојата глава, ќе имав пари да си ја платам терапијата“.

popularni-soveti-koi-nemaat-dopir-so-realnosta-i-mozhat-da-bidat-shtetni-ako-slepo-gi-sledite-01.jpg

На интернет можете да најдете безброј совети кои наводно ќе ви го подобрат животот. Дел од овие совети веќе се и толку широко прифатени, што почнуваме да ги гледаме насекаде и на сите социјални мрежи, па дури и самите да ги споделуваме.

Додека некои совети се навистина корисни и дефинитивно можат да ни се најдат, постојат и оние кои како да немаат допир со реалноста.

На Редит, неколку корисници, од кои повеќето психолози, споделуваат кои совети спаѓаат во оваа категорија:

И вие и Бијонсе имате 24 часа во денот. Но, ова не е точно. Бијонсе има некој кој готви за неа, кој чисти, кој ѝ го организира распоредот, кој се грижи за нејзините деца… Додека вие треба сето ова да го правите сами.

Бијонсе има и доволно средства во случај да ѝ треба долг одмор. Вие, најверојатно не можете да си го дозволите тоа. Овој совет треба да ве мотивира, но всушснот предизвикува срам кај луѓето“.

Губите една третина од животот во спиење. Ова не е само глупав совет, туку и рецепт за влошено здравје. Накратко – спијте доволно“.

popularni-pozitivni-soveti-koi-nemaat-dopir-so-realnosta-i-mozhat-da-bidat-shtetni-02.jpg

Сè се случува со причина, не дозволувајте да влијае врз вас. Ова никако не е добар совет и всушност може да ја влоши ситуацијата. Разбирам што сака да каже, но во некои ситуации може да ве повреди“.

„Во последно време гледам онлајн објави кои им кажуваат на луѓето дека грижата за себе вклучува откажување важни планови, јадење брзa храна, цел ден лежење во кревет и купување што и да посакате.

Ова се работи за кои не треба да се чувствувате лошо АКО СТЕ УМЕРЕНИ. Но, ако ги правите често, дефинитивно можат да ги влошат симптомите на депресија и анксиозност.

Грижата за себе значи да најдете рамнотежа помеѓу уживањето и обидувањето да го дадете најдоброто од себе. Ова значи дека работите како здравата исхрана, вежбањето, социјализацијата и излегувањето од комфорната зона се исто важни колку уживањето и релаксацијата“.

popularni-pozitivni-soveti-koi-nemaat-dopir-so-realnosta-i-mozhat-da-bidat-shtetni-03.jpg

Во мое време децата немаа проблеми со менталното здравје. Причината за ова е тоа што луѓето кои порано имале проблеми со менталното здравје извршувале самоубиство, исчезнувале или биле затворани во установи“.

„Не можам да ги поднесам луѓето кои им велат на другите, едноставно, да не бидат во депресија или дека само треба да се грижат за себе за да си го нормализираат менталното здравје.

Да, здравата исхрана, вежбањето и квалитетниот сон дефинитивно се важни. Но многу луѓе не сфаќаат дека депресијата е болест и мислат дека е ’само чувство‘. Не, тагата е чувство. За депресија е погребена терапија, можеби дури и лекови“.

popularni-pozitivni-soveti-koi-nemaat-dopir-so-realnosta-i-mozhat-da-bidat-shtetni-04.jpg

„Имам анксиозност и панични напади. Ако имав по еден долар за секојпат кога некој ми кажува да вежбам или дека сè е во мојата глава, ќе имав пари да си ја платам терапијата“.

Мразам кога ќе видам фотографии од природа или нешто слично со совет дека не ви се потребни лекови или што било. Дека природата е лек или антидепресив.

Но, на некои луѓе им требаат лекови. На некои луѓе им требаат и лекови и природа. Некои се лекуваат без лекарства, некои не можат без нив, и тоа сосема во ред, но доктор одлучува за тоа“.

popularni-pozitivni-soveti-koi-nemaat-dopir-so-realnosta-i-mozhat-da-bidat-shtetni-05.jpg

„Мислам дека Прво мора да се сакаш себеси за да те сакаат другите е глупав совет и прави повеќе лошо отколку добро. Кога најдов партнер што вистински ме сака, тогаш научив да се сакам. Без неа немаше да успеам во тоа“.

„Најлошото што сум го видела не е самиот совет, туку контекстот. Инстаграм модели со нивниот луксузен живот кои велат Сакајте се себеси.

Можеби тие не сфаќаат дека поставуваат нереални цели кои луѓето пробуваат да ги достигнат во реалноста. Немојте само да делите совети и бидете приземјени. Кажете како сте стигнале до таа положба. Дозволете им на луѓето да го видат и тоа“.

popularni-pozitivni-soveti-koi-nemaat-dopir-so-realnosta-i-mozhat-da-bidat-shtetni-06.jpg

Кој сличен позитивен совет според вас е повеќе штетен отколку корисен?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Животни совети и лекции кои ги слушаме често, но не се секогаш корисни „Сè се случува со причина. Ова е ужасен совет за ситуација во која некој е жртва...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg