„Мислев дека ми ја горат кожата со жешко масло“ – Како изгледа ласерското отстранување на тетоважи? (видео)

„Горењето на тетоважите е полошо од самото тетовирање. Ви ставаат големи очила за да не можете да видите ништо. Седите под седативи“ – вели Пит Дејвидсон. Како го опишуваат ласерското отстранување тетоважи обичните луѓе и дали тој процес е лесен?

kako-da-ti-ja-gorat-kozhata-so-zheshko-maslo-kako-izgleda-laserskoto-otstranuvanje-na-tetovazhi-foto-01.jpg

Кога слушате како славните брзо се тетовираат и ги отстрануваат тетоважите мислите дека тоа е мошне лесен процес што воопшто нема никакви последици.

Но, како навистина изгледа отстранувањето на тетоважи? Што велат славните, но и „обичните“ луѓе кои биле на ласерско отстранување?

kako-da-ti-ja-gorat-kozhata-so-zheshko-maslo-kako-izgleda-laserskoto-otstranuvanje-na-tetovazhi-foto-02.jpg

Викторија Бекам, Силвестер Сталоне, Пит Дејвидсон се само дел од славните што во последно време се пофалија дека имале ласерски третмани за отстранување на тетоважите.

Силвестер Сталоне го покри портретот на неговата сопруга со друга тетоважа, Пит Дејвидсон мака мачи да ги отстрани тетоважите посветени на неговата поранешна девојка Ким Кардашијан, а за Викторија Бекам шпекулираа дека се разведува од Дејвид откако ја отстрани тетоважата со неговото име.

Но, како навистина изгледа ласерското отстранување на тетоважите? Дали тоа е едноставна процедура и зошто некои познати личности како Меган Фокс и Мелани Грифит поминале повеќе години во ласерски третмани за отстранување?

kako-da-ti-ja-gorat-kozhata-so-zheshko-maslo-kako-izgleda-laserskoto-otstranuvanje-na-tetovazhi-foto-04.jpg

Неодамна Пит Дејвидсон отворено зборуваше за тоа како изгледа отстранувањето на тетоважите, затоа што тие му пречеле во актерската кариера и морал да оди 3 часа порано на снимање за да му ги покријат тетоважите.

„Горењето на тетоважите е полошо од самото тетовирање. Ви ставаат големи очила за да не можете да видите ништо.

Седите под седативи. Ако сакате да се тетовирате, треба да бидете сигурни дека навистина сакате да го направите тоа и дека не сте консумирале психотропни супстанци“ – рече комичарот кој по само неколку месеци врска со Ким Кардашијан го тетовираше написот „Мојата девојка е адвокат“.

kako-da-ti-ja-gorat-kozhata-so-zheshko-maslo-kako-izgleda-laserskoto-otstranuvanje-na-tetovazhi-foto-05.jpg

Оливија Черда на само 18 години одлучила да направи тетоважа со змеј на целиот грб, во традиционален јапонски стил, а денес жали за таа одлука.

kako-da-ti-ja-gorat-kozhata-so-zheshko-maslo-kako-izgleda-laserskoto-otstranuvanje-na-tetovazhi-foto-06.jpg

Оваа 25-годишна девојка од Лас Вегас, во изјава за Guardian открива дека неодамна нашла евтини третмани за отстранување, а ќе ѝ бидат потребни вкупно 8 сесии за да ги отстрани во целост.

„Неверојатно многу боли – како телото постојано да ви го горат со жешко масло за јадење, но болката е привремена. Ќе ми бидат потребни 8 сесии и плаќам по 600 долари за секоја од нив. Моите тетоважи имаат премногу боја, па ќе треба повеќе време за да избледат, но во целост сум посветена на ова“ – вели таа.

kako-da-ti-ja-gorat-kozhata-so-zheshko-maslo-kako-izgleda-laserskoto-otstranuvanje-na-tetovazhi-foto-07.jpg

На Иснтаграм пак, тату артистот Симоне Фонтана објави видео од ласерското отстранување на неговите тетоважи на челото, па покажа како навистина изгледа процесот на горење, а вели дека оваа тетоважа ја отстранува цели 3 години.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Како изгледаат 14 славни мажи и нивните синови на иста возраст? Бруклин Бекам, кој неодамна наполни 25 години, не се разликува многу од неговиот...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
Брус Вилис и Деми Мур беа во брак – Настани кои се случија пред дури 35 години Пред 35 години, се емитуваше последната епизода од легендарната сапуница „Династ...
Годините се само број: Фото-докази дека можете да се трансформирате на која било возраст Фото-споредбите од луѓе кои почнале да работат на себе подоцна во животот сигурн...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg