Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 чудни (и многу опасни) пластични операции што луѓето ги прават

Луѓето пробаваат секакви работи за да се чувствуваат одлично во своето тело, но постојат и некои лудни корекции кои би ги изненадиле и најголемите љубители на пластичната хирургија.

promena-na-glasot-i-ushte-4-chudni-korekcii-koi-lugjeto-gi-baraat-na-plastichna-hirurgija-01.jpg

Зголемување на висината

Ова е една од најтешките пластични операции во светот на медицината.

За да се зголеми висината, нозете на пациентот буквално се сечат со помош на апарат наменет за оваа операција.

Апаратот се закачува на најтврдиот дел од големата писка (коска која се наоѓа над коленото), а по сечењето апаратот ги раздвојува коските и се очекува по 2-3 месеци меѓу нив да се насобира коскено ткиво.

По завршувањето на втората процедура и 3-месечниот период на заздравување на коските, доаѓа опоравувањето кое може да трае повеќе од половина година.

Време во кое пациентот доживува постојана болка, екстремно тешко се движи и само со помош на патерици, а веројатноста да остане инвалид е огромна. И сето тоа само за да биде 6-7 центиметри повисок.

Дали ви се верува?

promena-na-glasot-i-ushte-4-chudni-korekcii-koi-lugjeto-gi-baraat-na-plastichna-hirurgija-02.png

Корекција на линијата на дланката

Оваа корекција почнал да ја изведува пластичниот хирург Такааки Мацуока од Јапонија, кој вели дека неговата идеја потекнува од пациентка која сакала да ја „промени својата судбина“.

Постапката се изведува со електричен скалпел и претставува рачно преобликување на линиите на дланката, а процесот трае околу 15-20 минути.

Еден месец по процедурата, изгореното ткиво зараснува и така се добиваат новите линии.

promena-na-glasot-i-ushte-4-chudni-korekcii-koi-lugjeto-gi-baraat-na-plastichna-hirurgija-03.png

Промена на гласот

Порано оваа постапка се практикувала само за промена на полот, но од неодамна таа стана попопуларна во Азија, поради желбата на населението да го промени својот глас.

За да го направат гласот на пациентот посилен, лекарите поставуваат титаниумски плочи помеѓу мускулите на грлото, истегнувајќи ги гласните жици.

За да го спуштат, отсекуваат дел од 'рскавицата на гркланот и му вбризгуваат ботокс. Во двата случаи, оваа корекција може да доведе до целосно губење на гласот.

Корекција на папокот

Ова е особено популарна процедура во Велика Британија и САД. Покрај тоа што пациентот може да го промени изгледот на папокот од испакнат во вдлабнат, може и целосно да ја промени неговата положба.

Најчесто оваа пластична операција се изведува заедно со абдоминопластика, а тоа е отстранување на опуштената кожа и масното ткиво во пределот на стомакот.

По интервенцијата треба да поминете до 72 часа во установата за лекување.

promena-na-glasot-i-ushte-4-chudni-korekcii-koi-lugjeto-gi-baraat-na-plastichna-hirurgija-05.png

Промена на бојата на очите

Денес многумина користат леќи за да ја променат бојата на очите засекогаш. Но, сепак некои прават и ласерска операција, а најблиску може да се направи во Турција за цена од околу 5.000 евра.

Се состои од 7 до 10 процедури на ласерско зрачење на очите, што ги стимулира клетките на ирисот да ја променат својата боја во посветла.

Технологијата е откриена во 2011 година и во почетокот се користела само за лекување на пациенти со различна боја на двете очи (хетерохромија).

promena-na-glasot-i-ushte-4-chudni-korekcii-koi-lugjeto-gi-baraat-na-plastichna-hirurgija-06.png

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
Како „од око“ да познаете дали намирниците се свежи пред да ги купите или употребите? Дали знаевте дека оризот што го чувате подолго од 1 месец на собна температура м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg