14 совети за безбедност што можат да ви го спасат животот и треба да ги знаете
-->
Ако удрите во бандера и таа се сруши, немојте никако да излегувате од автомобилот и веднаш повикајте помош. Ако жиците од бандерата се скинати, постои огромна веројатност да ве фати струја ако излезете од автомобилот.
Ако имате мала рана која крвави, а сте далеку од болница, можете да искористите тутун од цигара. Тутунот има антисептички својства и колку-толку ќе ги спречи инфекциите додека да стигнете до лекар.
Користењето тапи ножеви во кујна може да биде многу поопасно од користењето наострен нож. Тапите ножеви полесно се лизгаат од храната, што значи постои поголема можност да се пресечете.
-->
Ако се најдете во шума без вода и храна, не заборавајте дека водата е приоритет. Човечкото тело може да издржи неколку денови без храна, па прво пробајте да најдете вода за пиење. Потоа најдете засолниште каде што ќе можете да преноќите, па дури потоа тргнете во потрага по храна.
Ако паднете во брза река, секогаш пливајте дијагонално кон брегот, во насока на текот на реката. На овој начин ќе ја искористите силата на реката за побрзо да стигнете до брегот.
Ако се сомневате дека некој има мозочен удар, речете му да се насмевне – ако ја придвижи само едната половина од лицето, најверојатно станува збор за мозочен удар и треба веднаш да повикате брза помош.
Ако забележите дека на улица куче се подготвува да ве нападне, никако немојте да почнете да трчате – тогаш кучето ќе ве гледа како плен и ќе почне да ве брка. Наместо тоа, продолжете да се движите смирено и не го гледајте во очи. Ако кучето почне да трча кон вас, застанете исправено пред него и викнете гласно (повикајте и помош) – со ова ќе изгледате поголеми и тоа ќе се исплаши.
-->
-->
Спирова С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите
Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец
Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото)
Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков
Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее)
„Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите
Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...