14 совети за безбедност што можат да ви го спасат животот и треба да ги знаете

Ако сте убодени со нож или друг предмет, никако не го отстранувајте – ножот ја блокира раната, а со тоа го спречува крвавењето и драстично ги зголемува шансите за преживување.

14-soveti-za-bezbednost-shto-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-i-treba-da-gi-znaete-01.jpg

Колку и да сме претпазливи, секој од нас може д асе најде во опасна ситуација.

Електричен пожар, напад од куче или диво животно, задавување со залак храна – постојат многу неочекувани ситуации кои можат да ни го загрозат животот.

Но, ако знаете како да постапувате во ваквите ситуации, драстично ќе го намалите ризикот од повреди.

14 совети за безбедност што треба да ги знаете:

Ако паднете во многу студена, речиси замрзната вода, откако ќе излезете веднаш соблечете ја облеката. Кога температурите се многу ниски, од влажната облека многу побрзо ќе се појави хипотермија.

14-soveti-za-bezbednost-shto-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-i-treba-da-gi-znaete-02.jpg

Ако сте убодени со нож или друг предмет, никако не го отстранувајте – ножот ја блокира раната, а со тоа го спречува крвавењето и драстично ги зголемува шансите за преживување.

14-soveti-za-bezbednost-shto-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-i-treba-da-gi-znaete-03.jpg

Ако треба да спасите личност која се дави во вода, фрлете ѝ предмет за којшто може да се фати, како јаже или гума. Ако се држи само за вас, во паника може и вам да ве повлече под вода.

14-soveti-za-bezbednost-shto-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-i-treba-da-gi-znaete-04.jpg

Ако ви се запали маслото за јадење, покријте го со капак и тргнете го тенџерето или тавата од оган. Оставете го покриено барем пет минути и никако не ставајте вода или каква било течност.

14-soveti-za-bezbednost-shto-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-i-treba-da-gi-znaete-05.jpg

Ако се задавите со храна додека сте сами, застанете на подот на колената и рацете, па нагло спуштете се кон подот. Ударот од подот ќе го истисне воздухот од белите дробови, а со тоа и храната.

14-soveti-za-bezbednost-shto-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-i-treba-da-gi-znaete-06.jpg

Ако во домот ви мириса на риба без конкретна причина, можно е да станува збор за електричен пожар. Па, веднаш повикајте помош.

14-soveti-za-bezbednost-shto-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-i-treba-da-gi-znaete-07.jpg

Ако ве касне диво животно, веднаш одете на лекар за да ви стават вакцина против беснило. Беснилото е една од најсмртоносните болести и штом ќе се појават првите симптоми, во речиси 100% од случаите настанува смрт.

14-soveti-za-bezbednost-shto-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-i-treba-da-gi-znaete-08.jpg

Уште седум совети на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg