-->
-->
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Во кои 4 години од животот луѓето се најсреќни (и во кој период се најнесреќни)?

Диско, луди забави, љубовни партнери, авантури? „Ех, младост“ ќе речеме, но не – 20-тите години не ни се најсреќните години од животот. Што мислите кој период е?

vo-koi-4-godini-od-zhivotot-lugjeto-se-najsrekjni-i-vo-koj-period-se-najmalku-srekjni-01.jpg

„Ех младост!“ си велиме некогаш, претпоставувајќи дека 20-тите години се најубавите години од нашиот живот.

Но, ново истражување објавено во Social Indicators Research покажа дека сме во заблуда и дека најсреќните 4 години во животот ни се на почетокот од 30-тите, односно од 30 до 34-годишна возраст.

vo-koi-4-godini-od-zhivotot-lugjeto-se-najsrekjni-i-vo-koj-period-se-najmalku-srekjni-04.jpg

Иако многу луѓе полнењето на 30 години го гледаат како збогување со младоста, сепак изгледа дека токму 30-тиот роденден е клучот кон многу нови среќни мигови.

Во истражувањето учествувале луѓе над 50 години од 13 европски земји и одговарале на прашањето на која возраст биле најзадоволни од својот живот.

Бегоња Алварез, еден од главните истражувачи, вели: „Мислам дека една личност постепено доаѓа до најсреќниот период од животот и кулминацијата е на 30 до 34 години.“

vo-koi-4-godini-od-zhivotot-lugjeto-se-najsrekjni-i-vo-koj-period-se-najmalku-srekjni-03.jpg

Интересно е што половина од испитаниците рекле дека откако ја достигнале среќата на оваа возраст чувството на задоволство ги држело во следните 2 децении од животот.

Период од животот кога луѓето се најмалку среќни е од 10 до 14 години и потоа по 70 години, период кој е поврзан со осаменоста и здравствените проблеми.

vo-koi-4-godini-od-zhivotot-lugjeto-se-najsrekjni-i-vo-koj-period-se-najmalku-srekjni-02.jpg

Се разбира, резултатите на истражувањето се базирани на спомените на луѓето и тоа како ги помнат одредените периоди од својот живот.

И добрата вест е што периодот на среќа трае многу години потоа кај повеќето личности.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg