3 Енергетски бомби
Се верува дека пијалакот кој денес е познат како лимонада го пиеле уште Египќаните, уште пред околу илјада и петстотини години. Со првобитната...
...верзија на овој напиток од сок од лимон и благо вино тогаш се освежувале само земјоделците.
Лимонадата денес се прави на разни начини, а со неколку коцки мраз е идеален пијалак за летните горештини.
Ви предлагаме три освежителни пијалаци со лимонов сок, веруваме дека ќе ви се допаднат.
Малинада Потребно е: 400 ml сок од малини, 300 ml тоник, 2 лажици лимонов сок, коцки мраз, листови од нане. Подготовка: Сокот од малини се меша со сокот од лимон и добро се изладува во фрижидер. Изладеното се меша со тоник, се тура во чаши и се сервира со коцки мраз и листови од нане.
-->
-->
|
|
Енергетски пијалак
-->
Потребно е: 500 ml енергетски пијалак, 200 ml сок од боровинки, 6 лажици лимонов сок, 4 резанки ломон и мраз. Подготовка: Енергетскиот пијалак, сокот од боровинки и лимон се тураат во бокал и се става во фрижидер добро да се излади. Пијалакот турете го во чаши, додајте по резанка лимон, а по желба и коцки мраз. |
|
Летна свежина
-->
Потребно е: 1 l вода, 5 лимони, 150 g мед, коцки мраз, грст листови од босилек. Подготовка: Медот и водата измешајте ги за да се раствори медот. Додајте го исцедениот лимон и листови босилек. Оставете ја смесата да стои најмалку еден час во фрижидер. Турете во чаши преку коцки мраз и украсете со резанки лимон. |