9 навики на Италијанките поради кои важат за совршени жени (а ги практикуваат и многу Македонки)
Не се брзаат да се омажат: Просечната возраст на која Италијанките стапуваат во брак е 32.8 години. Тие не се мажат само затоа што општеството очекува такво нешто од нив, туку се мажат кога ќе ја пронајдат вистинската личност.
Италијанките се познати како по беспрекорниот моден стил, така и по гледиштата кон животот и начинот на кој функционираат.
Кои се нивните навики? Поради што го носат епитетот на совршени жени?
Некои од навиките на Италијанките ги имаат и Maкедонките, но има и работи кои можеме да ги научиме од нив...
Навиките на Италијанките:
Се задоволуваат со помалку
Се држат до минимализмот, не купуваат премногу и немаат огромни гардеробери, туку само квалитетни парчиња кои вистински им се потребни.
Не ги кријат емоциите
Тие зборуваат гласно, не се срамат да ги изразат емоцииите и да го споделат мислењето. Веруваат дека треба да бидат отворени и за време на разговорите гестикулираат и не се плашат да го допрат соговорникот.
Здравјето им е на прво место
Од мали потези како носење марама или шал кога е студено до редовни лекарски прегледи, кога станува збор за здравјето Италијанките се држат до она „подобро да се спречи, отколку да се лечи“.
Ја ценат врската со својата мајка
За нив семејството секогаш е на прво место, блиски се со својата мајка и не прифаќаат партнер кој не ја цени.
Не пропуштаат пригода за да блеснат
Тие сакаат дружби, социјализација, прошетки и совршен изглед. Секогаш сакаат да изгледаат стилски и да добијат признание за изгледот од другите.