Бизарна зависност: Маж е опседнат да изгледа како папагал - си ги отсече ушите, ги истетовира очите (фото)
Од тетовирање на пердуви на лицето до сечење на јазикот на половина и отстранување на ушите, Тед Ричардс од Велика Британија има бизарна опсесија да изгледа како папагал.
Тед Ричардс од Велика Британија има прекар „Господинот Папагал“, поради неговата бизарна опседнатост да изгледа како папагал, а потоа и го променил името во „Ted Parrotman“.
Тој чувал папагали и толку се опседнал со нив што на лицето има истетовирано шарени пердуви, а белките од зениците му се истетовирани во боја, постапка која е екстремно опасна и при најмала грешка во изведувањето може да доведе до слепило.
Тед има повеќе од 100 тетоважи и 50 пирсови на себе, а најекстремниот потег во трансформација на изгледот од човек во папагал му е постапката на отсекување на ушите за да личи на птица.
Со ова тој делумно си го има оштетено слухот.
Исто така, го има поделено на половина и јазикот. Првата тетоважа ја ставил во далечната 1976 година.
Неговото мото е дека животот е еден и секој треба да биде тоа што посакува да биде, а тој посакува да биде папагал. Вели дека папагалите му се семејство.
Екстремно и бизарно, зарем не?
https://www.instagram.com/p/B5JEUqkFdrb/?hl=en
С. С. | Црнобело