Рендгенски снимки што го покажуваат светот од нова перспектива
Рендгенските зраци се откриени во 1895 година од страна на германскиот физичар Вилхелм Конрад Рендген.
Штом ја сфатил моќта на овие зраци и научил како да ги контролира, тој ја направил можеби првата снимка на која се гледале коските од дланката на негов пријател.
Иако Рендген е заслужен за откривањето на овие зраци, подоцна се дознава дека всушност и Никола Тесла работел на нив во истиот период и успеал да направи своја рендгенска машина со чија помош направил снимка од неговото стапало.
Сепак, самиот Тесла сметал дека Рендген е личноста која ги открила рендгенските знаци и дека само тој е заслужен за машините што засекогаш ја променија медицината.