Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Лошата страна на животот во Австралија, според Австралијци

„Изгорениците од сонце и ракот на кожата. Еден од тројца Австралијци развива некаков вид на рак на кожата во текот на животот“.

loshata-strana-na-zhivotot-vo-avstralija-spored-avstralijci-001.jpg

Австралија си е посебен континент и животот на тамошните жители е многу поразличен од нашиот.

Покрај разликите во културата и менталитетот, овде и условите за живот се многу поразлични од она на коешто сме навикнати ние.

Покрај летата со високи температури, овде има и многу диви животни и инсекти кои ние не би можеле да ги истрпиме.

Иако Австралија изгледа како привлечна земја не само за посета, туку и за живот, оние кои целиот живот живеат таму многу добро ги знаат и недостатоците.

За Редит, неколку Австралијци споделуваат што најмногу мразат за животот во Австралија – во продолжение, дел од нивните коментари:

„Многу е далеку од сè и сите, што значи дека патувањето надвор од земјата е многу скапо. Постојано гледам како моите пријатели во Европа (кои живеат во различни земји) редовно се дружат, додека за јас да ги посетам треба да земам слободни денови, да потрошам илјадници долари за авионски лет и сместување…“

„Изнајмувањето домови. Ќе изнајмувате ист дом до со години, ќе платите илјадници долари за кирија, за на крај сопственикот на станот да ви побара уште повеќе пари бидејќи имало прашина на некој прозорец“.

„Изгорениците од сонце и ракот на кожата. Еден од тројца Австралијци има некаков вид рак на кожата“.

loshata-strana-na-zhivotot-vo-avstralija-spored-avstralijci-02.jpg

„Децата кои пуштаат ужасна музика од нивните телефони без слушалки додека се возат во јавен превоз без да платат за билет“.

„Топлината и интензитетот на сонцето“.

„Мувите. Напаѓаат речиси во текот на целата година“.

„Воопшто не ми се допаѓа колку ладни можат да станат куќите во зима. Кога живеев во Скандинавија, зимите беа многу постудени, но барем во домовите беше топло и пријатно“.

loshata-strana-na-zhivotot-vo-avstralija-spored-avstralijci-03.jpg

„Идиотите кои ја уништуваат околината и кои се расисти. Исто така, насилството кон жените е многу присутно“.

„Огромните цени за достава на продукти од прекуокеански земји“.

„Живеењето во град оддалечен од сè – треба да возам 16 часа за да отидам некаде“.

loshata-strana-na-zhivotot-vo-avstralija-spored-avstralijci-04.jpg

„Не ми се допаѓа колку се затворени руралните заедници. Кај нив нема место за ’странци‘ и слично“.

„Ако имате страв од пајаци – дефинитивно пајаците“.

„Откако поминав неколку години во Европа, сфатив дека Австралија е малку досадна. Земјата е убава и има екстремни временски услови, а нема култура. Ако не сакате фудбал, Австралија изгледа празно и досадно“.

„Цените на храната, горивото и струјата се превисоки“.

loshata-strana-na-zhivotot-vo-avstralija-spored-avstralijci-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg