Виолетовата ја одбираат оптимисти, црната луѓето полни со самодоверба – Што открива бојата на вашите нокти?

Понежниот пол неретко ја избира бојата на лакот следејќи ги трендовите, но дали некогаш сте размислиле дека токму изборот на бојата може да биде одраз на вашето моментално расположение, но и на вашата личност воопшто.

Violetovata-ja-odbiraat-optimisti-crnata-lugjeto-polni-so-samodoverba-shto-otkriva-bojata-na-vashite-nokti 01 630x330.jpg

Вреди да се напомене и дека навиката може да биде онаа која е пресудна за нијансата и воопшто за изборот.

Додека некои жени и девојки сакаат да експериментираат, други сакаат да бидат во таканаречена безбедна зона и редовно се одлучуваат за иста или слична нијанса на лак.

Време е да откриете што зборува вашиот избор на боја за лак, односно како го дефинира вашиот карактер и како ве опишува.

ЦРВЕНА – вие сте страсна и енергична личност без разлика каква нијанса на црвена боја ќе изберете.

ТИРКИЗНА – боја идеална за авантуристички типови кои се секогаш подготвени за предизвик.

ВИОЛЕТОВА - создадена за оптимисти и оние кои секогаш го бараат позитивното.

РОЗОВА - ја избираат луѓе кои обожаваат да се негуваат себеси и се доста сочувствителни.

ЖОЛТА - за оние кои сакаат да се смеат и да не симнуваат насмевка од лицето.

СИНА - боја која се вклопува во различни стилови на облека и ги карактеризира мирните луѓе.

ПОРТОКАЛОВА - ја избираат луѓе полни со живост и енергија.

ЗЕЛЕНА - карактеристична за луѓе полни со хармонија.

СЈАЈНИ ЛАКОВИ - одраз на шармантни луѓе кои сакаат да се забавуваат.

ШАРЕНИ НОКТИ И РАЗНИ ИСЦРТУВАЊА - синоним за креативност и имагинација.

МЕТАЛИК НОКТИ - ги избираат луѓе со силен карактер.

КЛАСИЧНО БЕЛА - резервирана за луѓе кои зрачат со младост, но и елеганција.

ФРАНЦУСКИ МАНИКИР – зрачат со елеганција, нежност и романтичност.

ЦРНА - ја избираат жени кои имаат силни ставови и се полни со самодоверба.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg