Слабеењето е побрзо, водата врие на пониска температура – како се менува животот на поголема надморска височина?

Научниците забележале дека кај децата родени на поголема надморска височина, како Тибет, пубертетот почнува подоцна во споредба со децата кои живеат на пониски места.

slabeenjeto-e-pobrzo-vodata-vrie-na-poniska-temperatura-kako-se-menuva-zhivotot-na-pogolema-nadmorska-visochina-01.jpg

Сте се запрашале ли некогаш какви разлики постојат помеѓу луѓето кои живеат на поголема и помала надморска височина?

На поголема надморска височина воздухот е поредок, а ова има влијание врз целиот организам. Некои од овие влијанија се позитивни, но некои можат и да бидат штетни.

Што се случува со организмот на поголема надморска височина?

На поголема височина можете побрзо да ослабите

Многу истражувања нашле поврзаност помеѓу живеењето на поголеми надморски височини и побрзото слабеење.

Најпрво, на поголема височина организмот веројатно ќе потроши повеќе енергија, односно ќе согори повеќе калории.

Истовремено, истражувањата покажале дека на поголема височина се намалува и апетитот бидејќи се зголемува лачењето на лептин – хормон кој го потиснува чувството на глад.

slabeenjeto-e-pobrzo-vodata-vrie-na-poniska-temperatura-kako-se-menuva-zhivotot-na-pogolema-nadmorska-visochina-02.jpg

Апнејата може да биде честа појава

Како што веќе спомнавме, воздухот е поредок на поголема височина, а ова може да предизвика отежнато дишење, особено ако не сте навикнати на таа височина.

Поради ова, луѓето кои веќе страдаат од апнеја во сонот можат да забележат влошени симптоми, а овој проблем може да се јави и кај луѓе кои воопшто го немале претходно.

slabeenjeto-e-pobrzo-vodata-vrie-na-poniska-temperatura-kako-se-menuva-zhivotot-na-pogolema-nadmorska-visochina-03.jpg

Луѓето кои живеат на поголема височина имаат поголем капацитет на белите дробови

Поради реткиот воздух, луѓето кои живеат на поголеми височини ќе мораат да вдишат поголемо количество воздух.

Па, луѓето кои се родени на вакви височини имаат за 20% поголем капацитет на белите дробови за разлика од оние кои живеат на помала височина.

slabeenjeto-e-pobrzo-vodata-vrie-na-poniska-temperatura-kako-se-menuva-zhivotot-na-pogolema-nadmorska-visochina-04.jpg

Пубертетот настанува подоцна

Некои истражувања покажале дека кај децата кои се родени на поголема надморска височина, како во Тибет, пубертетот почнува подоцна и тие созреваат побавно.

slabeenjeto-e-pobrzo-vodata-vrie-na-poniska-temperatura-kako-se-menuva-zhivotot-na-pogolema-nadmorska-visochina-05.jpg

Вежбањето на поголема височина може да ве направи поиздржливи

Многу професионални спортисти тренираат на поголема надморска височина од онаа на којашто им е привикнат организмот.

За време на оние тренинзи тие се заморуваат побрзо, па со текот на времето стануваат поиздржливи.

slabeenjeto-e-pobrzo-vodata-vrie-na-poniska-temperatura-kako-se-menuva-zhivotot-na-pogolema-nadmorska-visochina-06.jpg

Одењето на поголема надморска височина може да биде опасно за луѓето со кардиоваскуларни проблеми

Високата надморска височина, особено ако е придружена со активност како пешачење или трчање, создава дополнителен напор на срцето.

Ова, пак, може да предизвика дополнителни проблеми за оние кои веќе имаат проблеми со срцето.

Ова не важи за луѓе кои целиот живот живеат на голема надморска височина бидејќи нивниот организам е навикнат на такви услови.

slabeenjeto-e-pobrzo-vodata-vrie-na-poniska-temperatura-kako-se-menuva-zhivotot-na-pogolema-nadmorska-visochina-07.jpg

Истото важи и за луѓето со респираторни проблеми

Повторно поради пореткиот воздух, големата надморска височина може да ги влоши симптомите кај луѓето со респираторни проблеми.

slabeenjeto-e-pobrzo-vodata-vrie-na-poniska-temperatura-kako-se-menuva-zhivotot-na-pogolema-nadmorska-visochina-08.jpg

Водата врие на различна температура во зависност од надморската височина

Ние знаеме дека водата почнува да врие на 100 степени Целзиусови. Но, како што се зголемува височината, точката на вриење на водата се намалува.

Поради намалениот атмосферски притисок, водата, но и другите течности испаруваат побрзо, па поради тоа и зовриваат на пониски температури.

Поради ова, на околу 2.200 метри надморска височина, водата почнува да врие на околу 92 степени Целзиусови.

slabeenjeto-e-pobrzo-vodata-vrie-na-poniska-temperatura-kako-se-menuva-zhivotot-na-pogolema-nadmorska-visochina09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg