Работи за кои жените не треба да бидат несигурни, според мажи: „Вашата тежина не е поврзана со тоа колку вредите“
„Му го поставив прашањето на сопругот и го добив овој одговор: Здебелување. Не станува збор за негрижа за здравјето или дебелина која предизвикува здравствени проблеми, но немојте да се грижите ако качите некој килограм. Па, слободно изедете го парчето пица што го мислите“.
„Брчки. Секоја брчка е знак за илјада насмевки“.
„Лично сакам да ја најдам личноста која им кажала на жените дека треба да ги прекриваат пегите и да се разберам со неа. Јас мислам дека се прекрасни“.
„Големина на градите. На добар дел од мажите не им е воопшто грижа за ова“.
„Колку јадете – јадете што сакате и колку сакате“.
„Со колку мажи сте спиеле. Сè додека сте верни на сегашниот партнер, не е важно колку партнери сте имале претходно“.
„За повеќето работи за коишто сте несигурни би биле осудувани од други жени – многу мажи нема ни да помислат на нив. Големина на гради или задник, стрии, мозолчиња, висина, некој килограм плус… сè што е површно не е важно“.
Спирова С. | Црнобело