Работи за кои жените не треба да бидат несигурни, според мажи: „Вашата тежина не е поврзана со тоа колку вредите“

„Големина на гради или задник, стрии, мозолчиња, висина, некој килограм плус… сè што е површно не е важно“.

raboti-za-koi-zhenite-ne-treba-da-bidat-nesigurni-spored-mazhi-vashata-tezhina-nema-nikakva-vrska-so-vashata-vrednost-001.jpg

Кога станува збор за изглед, факт е дека жените треба да исполнуваат повеќе стандарди од кои голем дел се навистина нереални.

Дури и најмалите „недостатоци“ можат да ја срушат нивната самодоверба, а сигурно не постои ниту една девојка или жена која не мрази барем еден дел од своето тело.

Но не е само изгледот – од жените се очекува да се однесуваат на одреден начин и да прават одредени работи само затоа што се жени.

Генерално, станува јасно со колкав притисок се соочени поради сите овие очекувања.

Сепак, изгледа дека на мажите воопшто не им е грижа за работите што ја рушат самодовербата на жените. 

А, ова најдобро го покажуваат нивните одговори на прашањето „Кои се работите за кои жените не треба да се чувствуваат несигурно“.

Дел од најдобрите одговори во продолжение:

„Менструација. Ова е сосема нормално и само чудаци и тинејџери можат да се згрозат ако зборувате за нив“.

„Дали сте добри во кревет – ако некое момче ви каже дека сте лоши, тој е кретен. За добар секс е потребна и емотивна поврзаност. Ако некој ви го каже ова, тој е проблемот, а не вие“.

raboti-za-koi-zhenite-ne-treba-da-bidat-nesigurni-spored-mazhi-vashata-tezhina-nema-nikakva-vrska-so-vashata-vrednost-02.jpg

„Кратки и многу светли трепки. Буквално на ниту еден маж не му е гајле какви трепки имате“.

„Седи влакна – навистина ми се допаѓаат девојки кои храбро ги покажуваат. Покрај тоа, прамените со сребрена боја ме потсетуваат на Роуг од X-Men“.

raboti-za-koi-zhenite-ne-treba-da-bidat-nesigurni-spored-mazhi-vashata-tezhina-nema-nikakva-vrska-so-vashata-vrednost-03.jpg

„Смисла за хумор и кажување глупави шеги. Многу мажи сакаат забавна девојка покрај која можат да бидат свои“.

„Вашата тежина нема никаква врска со вашата вредност“.

„Пораснав со постари сестри. Имаше толку многу работи за кои беа несигурни, но секогаш им велев дека нема потреба од тоа. Ве молам немојте да се грижите за вашата коса или вашата тежина или вашата облека. Повеќето мажи не ги ни забележуваат овие ситници. Ве молам бидете добри кон себе“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg