Намерно прават грешки за да ја исплашат публиката и уште 12 правила што ги следат вработените во циркус
7. Мораат да ја почитуваат публиката. Дури и ако некој се однесува неучтиво кон нив, вработените во циркусот мораат да му покажат почит и да избегнуваат караници и сцени по секоја цена.
8. Има посебни училишта за акробати. Оние кои сакаат да работат во циркус, мораат да покажат физички вештини што ги нема секој. Дел од овие вештини можат да ги научат во посебни училишта за „циркуска уметност“.
9. Ги кријат грешките. Кога навистина ќе направат грешка, акробатите го даваат најдоброто од себе за да ја прикријат и да направат да изгледа како да е дел од нивната точка.
10. Можат да изведуваат што сакаат додека трае нивната точка. Вработените треба да ги покажат нивните способности, но имаат целосна слобода за тоа како ќе изгледа нивниот настап.
11. Не секој може да го издржи нивниот тренинг. Акробатите тренираат со години, неретко уште од детството, за да ги усовршат нивните вештини.
12. Во циркусот нема простор за лични проблеми. Без разлика со што се справуваат вработените во приватниот живот, штом треба да настапат, мораат да заборават на личните проблеми и да се фокусираат само на точката.
13. Постои стандардна големина за шаторите. Повеќето акробати се навикнати на шатор со одредена висина, па ако има промена, може да им биде потешко да се адаптираат. Затоа, постои стандардна големина за шаторите, но не значи дека ја користат сите циркуси.
Спирова С. | Црнобело