Девојка ги открива триковите за совршено тело на Инстаграм фотки: „Сè е лага, светлото и аголот прават огромна разлика“

„Дали некогаш не купувате некое парче облека бидејќи не изгледате како моделот на Инстаграм што го рекламира? Погодете што – ни моделот не изгледа така во реалноста“.

devojka-gi-otkriva-trikovite-za-sovrsheno-telo-na-instagram-fotografiite-se-e-laga-svetloto-i-agolot-pravat-ogromna-razlika-01.jpg

Џорџи Кларк е 25-годишна инфлуенсерка од Лондон која има за цел да им докаже на нејзините следбеници дека она што го гледаат на Инстаграм неретко е лага.

Инстаграм е преплавен со фотки од инфуленсерки со навидум совршени тела кои ги тераат девојките и жените да копнеат по нереални стандарди за убавина.

И Џорџи сака да објавува фотографии на кои изгледа беспрекорно, но таа ги истакнува и разните техники што ги користат сите инфлуенсерки, вклучувајќи ја и неа.

Со ова, таа сака да ги убеди девојките и жените да не се споредуваат со она што го гледаат на Инстаграм бидејќи не е реално.

View this post on Instagram

A post shared by Georgina Clarke (@georgie.clarke)

Џорџи открива дека некогаш нема ни потреба од користење Фотошоп и алатки за уредување фотографии и доволно е да се обрне внимание на светлото и аголот од којшто се прави фотографијата.

На можеби најдобрата објава што го покажува ова, Џорџи позира во бикини. На едната фотографија таа е свртена со лицето кон сонцето, поради што изгледа како воопшто да нема целулит на задникот. На втората фотографија грбот на Џорџи е свртен кон сонцето, па се гледа дека има целулит.

„Разликата во двете фотографии е пет секунди – на нив е потполно истото тело фотографирано во разно светло. Светлината има огромно влијание врз тоа како изгледа нашето тело пред камера, па ве молам не се залажувајте кога гледате фотографии на Инстаграм каде што моделите изгледаат беспрекорно. Престанете да се споредувате – изгледате одлично“.

https://www.instagram.com/p/CbdCyICMcgx/

„Истото тело на сите фотографии. Потсетник дека кога ќе видите Инстаграм фотографија од омилената инфлуенсерка… тоа не е реалноста!“

https://www.instagram.com/p/CaP0--mMtWC/

„Истиот задник со различно светло! На фотографијата десно се наведнувам кон напред, најдов добро светло и го искривувам грбот и ги стегам мускулите. На фотографијата лево сум релаксирана“.

https://www.instagram.com/p/CaHfY9bN9kL/

На друга објава, Џорџи споделува совршена и несовршена фотка, односно фотографија што би ја споделила и фотографија што би ја избришала.

„Дали некогаш не купувате нешто за на плажа бидејќи не изгледате како моделот на Инстаграм што го рекламира? Погодете што – ни моделот не изгледа така во реалноста.

Моделот користи позирање, правилен агол, светло, го стегнува телото и потоа фотографијата е обработена. Тоа не е реалноста девојки, престанете да се споредувате“.

https://www.instagram.com/p/CbfqC1csIz-/

Младата девојка има споделено и фотка од периодот кога била многу слаба, истакнувајќи дека сега откако качила некој килограм се чувствува многу поздраво и посреќно.

„Не е тајна дека во минатото мојот физички изглед влијаеше врз моето ментално здравје. Кога имав ментални проблеми, одев во крајности. Не се грижев за себе и многу се критикував.

По неколку години терапија, љубов кон себе и многу сочувство кон себе, горда сум да кажам дека сум посреќна и поздрава од кога било. Самите можете да ја видите разликата!“

https://www.instagram.com/p/CbGMtaUsIMO/

Друга интересна објава е за начинот на седење на инфлуенсерките кога позираат.

„Дали некогаш сте се запрашале како инфлуенсерките изгледаат совршено додека седат на фотографиите направени по ресторани? Па, буквално сè зависи од позата. Кога-тогаш, сите инфлуенсерки ја учат оваа поза.

Најпрво, забележете колку всушност е непријатен тој начин на седење. Ако споредите со десната фотографија каде што седам нормално… станува јасно дека не е реалистично да седите како на фотографијата лево.

Најтешко е да се направат фотографии во седната положба и обично нема да изгледаат добро ако не се истегнете како на левата фотографија“.

https://www.instagram.com/p/Camz0TJMN8X/

Џорџи истакнува и дека стомачето е најнормално нешто и ретко која девојка го нема. Исто така, подуеноста, особено за време на менструација е нешто со коешто се соочуваат сите.

„За фотографијата десно требаше да го најдам совршеното светло, да го најдам совршениот агол, да го стегнам стомакот, да го држам воздухот, малку да се свртам кон камерата и да позирам. За втората фотографија не требаше да правам ништо – само да се релаксирам и да се насмевнам“.

https://www.instagram.com/p/CahvOsLsDys/

„Знам дека ви е тешко кога сте подуени и се чувствувате разочарано, но не заборавајте дека ова е природно. Вие сте човек, а подуеноста е нормална без разлика каква форма има вашето тело. Па, ајде да почнеме да ги нормализираме нормалните тела, подуеноста, симптомите на менструација…“

https://www.instagram.com/p/CaC76YYML6X/

Повеќе фотки од Џорџи на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
6 работи со кои несвесно си наштетуваме (а ги правиме сите) Дали имате навика да го ставате телефонот во предниот џеб од панталоните? Ако ст...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
Морничаво: Мажи кои си ги убиле сопругите на медениот месец Мишел Еското ја убил сопругата на медениот месец само за да ги земе парите од не...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg