Бонтон правила за целото семејство со кои секогаш ќе оставате добар впечаток
Вклучете ги сите во домашните обврски, поставете добар пример за вашите деца и кога ќе ви дојдат гостат, избегнувајте ги темите кои знаете дека ќе направат да се чувствуваат непријатно.
Впечатокот што го оставате со вашето семејство е исто толку важен колку и впечатокот што го оставате самите.
А, за добар впечаток сите членови на семејството треба да обрнат внимание на некои работи.
Во продолжение осум бонтон правила со кои секогаш ќе оставате добар впечаток како семејство:
Научете ги децата на добри манири преку пример
Залудно ќе му зборувате на вашето дете да се однесува добро ако вие самите не го правите тоа.
Поверојатно е децата да ги копираат вашите постапки отколку да ги слушаат вашите зборови, па, затоа поставете добар пример.
Не ги споделувајте интимните семејни проблеми
Некогаш е во ред да побарате совет од блиска личност кога се соочувате со проблем.
Но, кога станува збор за проблем што ги засега и другите членови од семејството, немојте да им раскажувате на другите што се случува дома.
Ако имате проблеми во бракот или со децата, треба да ги решите заедно со семејството, а не да се жалите и да го озборувате семејството со други личности.
Домот треба да биде среден и сите треба да помагаат во тоа
Нереално е да очекувате домот секогаш да ви биде беспрекорно чист, особено ако имате мали деца, но не би требало да дозволите да завладее вистински хаос. А, ова е возможно само ако сите учествуваат во неговото средување.
Хигиената во домот не е обврска само на жената и секој треба да биде вклучен во домашните обврски.
Кога имате гости, внимавајте за што ќе разговарате
Кога ќе ви дојдат гости, немојте да почнувате разговори за теми кои знаете дека ќе направат да се чувствуваат непријатно.
Ако имате различни политички погледи, ако имате различни религиски верувања и слично, најдобро целосно избегнувајте ги овие теми ако сакате пријатна дружба.