Бонтон правила за целото семејство со кои секогаш ќе оставате добар впечаток
Немојте да се фалите со материјалните нешта
Одлично е ако сте успешни и имате добра заработка, но не е во ред да се фалите за тоа секојпат кога ќе ви дојдат гости.
Гостите веројатно се свесни за вашиот успех и нема потреба да правите да се чувствуваат непријатно или „подолу“ од вас.
Ако се заинтересирани за нешто, секако дека ќе ве прашаат самите.
Избегнувајте озборувања и критики
На семејните собири или во миговите кога ќе ви дојдат гости, избегнувајте ги озборувањата и критиките.
Со ова само оставате лош впечаток кај другите.
Мотивирајте ги децата да развијат добри навики
Вие сте одговорни не само за однесувањето на вашите деца, туку и за нивните секојдневни навики.
Па, мотивирајте ги да развијат добри навики – поттикнете ги да читаат, да свират некој инструмент, да спортуваат, дајте им можност да развијат некоја корисна вештина…
Сето ова ќе има позитивно влијание врз нивниот развој, ќе им ја зголеми самодовербата и ќе им помогне да станат личности кои секогаш остават добар впечаток.
Однесувајте се културно кон вработени во ресторан, продавница и слично
Како што веќе кажавме, децата учат од вашите примери. Па, потрудете се да се однесувате културно кон лица кои работат во продавници, ресторани и слично.
Заблагодарете им се за услугата, не го истурајте гневот врз нив и, генерално, покажете почит.
Само вака вашите деца ќе сфатат дека и тие треба да го прават истото.
Спирова С. | Црнобело