Кои се 10-те најевтини држави за живот во 2022 година?
Еквадор
Во зависност од локацијата, во Еквадор можете да живеете со 1.500-1.800 долари месечно.
Голема предност овде е евтиното сместување – на некои места можете да најдете цела куќа за околу 500 долари месечно.
Франција
Ако ги избегнувате големите градови како Париз, животот во Франција може да биде навистина евтин во споредба со просечната плата.
На паровите кои изнајмуваат стан, обично им се потребни околу 2.400 долари месечно за да ги покријат сите трошоци, вклучувајќи ги и оние за храна.
Малта
Најголема предност во Малта е транспортот – бидејќи ретко кој вози автомобил, сите користат јавен превоз кој чини 20-тина долари месечно.
Генерално, за еден пар би биле потребни околу 2.300 долари месечно.
Шпанија
Во поголемите градови, како Мадрид, можете да живеете скромно за околу 2.000 долари месечно.
Но, на помалку атрактивните дестинации со оваа сума можете да имате навистина удобен живот.
Поради добрата клима, храната во Шпанија е релативно евтина, а ова драстично ги намалува месечните трошоци.
Уругвај
За удобен живот во Уругвај, на паровите би им требале околу 2.500 долари месечно, додека една личност може да го помине месецот со многу помал буџет.
Овде можете да најдете и евтино сместување – на некои места модерните станови чинат околу 500 долари месечно.
Спирова С. | Црнобело