Џорџ Клуни и принцезата Дијана се родени во 1961-ва – Настани кои нема да ви се верува дека се случиле во истата година
Скарлет Јохансон е родена истата година кога почнал да се продава првиот комерцијален мобилен телефон
Првиот комерцијален мобилен телефон кој бил пуштен во продажба е Motorola DynaTAC, а се појавил на пазарот во 1984 година.
Истата година, на 22 ноември, е родена актерката Скарлет Јохансон.
Премиерата на првиот Star Wars филм е истата година кога е родена Шакира
Шакира е родена на 2-ри февруари 1977-ма – годината кога првиот филм од серијалот Star Wars ја доживеа својата премиера.
Ал Пачино е роден истата година кога е основан McDonald’s
Првиот McDonald’s ресторан бил отворен во мај 1940 година. Само еден месец претходно се родил Ал Пачино.
Првиот филм од Lord of the Rings беше премиерно прикажан во годината кога е родена Били Ајлиш
Првиот филм од популарниот серијал – The Lord of the Rings: The Fellowship of the Ring – беше премиерно прикажан во 2001 година.
Били Ајлиш е родена истата година на 18 декември.
Роберт Патинсон е роден истата година кога Pixar стана независно студио за анимација
Pixar направи револуција во филмската индустрија со анимираните филмови, а стана независно студио во 1986-та. Истата година е роден Роберт Патинсон.
Том Круз е роден истата година кога е издаден првиот Спајдермен стрип
Првиот стрип со култниот суперхерој Спајдермен е пуштен во продажба во 1962-ра.
Том Круз е роден во јули 1962 година.
Првата PlayStation конзола е пуштена во продажба истата година кога е роден Џастин Бибер
Првата конзола за видеоигри на Sony е пуштена во продажба во 1994 година во Јапонија.
Истата година, на 1-ви март, е роден Џастин Бибер.
Спирова С. | Црнобело