Бонтон правила за однесување – Што никогаш не би направиле културните луѓе кога имаат гости?
Не им ги нудат на гостите неудобните дополнителни столчиња, не бараат помош од гостите за раскревање и однапред имаат подготвено сè за да нема тензија - што прават културните луѓе за да бидат добри домаќини пред гости?
Ако сте од оние кои обожаваат домот секогаш да им е полн со гости, треба да проверите дали сте добар и културен домаќин.
Понекогаш, не е доволно само да ја наполните трпезата за гостите да бидат задоволни од вашиот пречек.
Културните луѓе ги покажуваат своите манири со секакви ситници и има некои работи кои никогаш не би ги направиле...
Што прават културните луѓе кога имаат гости?
Не им нудат неудобни столчиња за гостите – домаќинот седи на нив
Масата е секогаш поставена и јадењето сервирано пред гостите да стигнат
Не инсистираат гостите да играат забавни игри само затоа што вие сакате
Не бараат помош од гостите за раскревање на хаосот
Го фрлаат ѓубрето за да не ги дочекаат гостите со непријатен мирис
Не оставаат неизмиени садови во мијалникот, но ја празнат и машината за садови
Енергични се и расположени, а умешно го кријат својот умор за да не направат непријатно
Aко пак, секогаш сте уморни од целодневната подготовка на трпезата, подобро нарачајте храна и бидете одморени пред гостите.
Во бањата на видно место ги оставаат само неопходните работи, а не секакви додатоци за лична употреба
Однапред си ги припремаат сите потребни лажици, штипки, чаши и друг прибор за сервирање
Земаат во предвид дали гостите доаѓаат со деца и подготвуваат забавни активности или играчки однапред
Бираат пријатна музика, наместо во позадина да течат вести или серија
Одржуваат умерена температура во домот
Ако имаат миленици се грижат истите да не им пречат на гостите
М. М. | Црнобело