Татко и 5-годишна ќерка прават фотосесии инспирирани од популарни сцени од култни филмови
Фотографот Алекс и неговата ќерка Матилда прават фотосесии инспирирани од познатите сцени од култните филмови, а резултатот се слатки и креативни фотографии што сигурно ќе ви го разубават денот.
Сцените од некои култни филмови се зборуваат со децении по премиерата, без разлика дали поради добриот кадар или пресвртот што се случил во тој миг.
Ваквите сцени се толку популарни, што од нив, речиси сите можеме да препознаеме за кој филм станува збор, дури и ако ни е изгледан пред многу години.
Фотографот Алекс Зејн црпи инспирација токму од ваквите сцени и прави фотосесии со неговата 5-годишна ќерка.
Обично неговата ќерка Матилда ја презема улогата на главниот лик, а доколку во кадарот се појавуваат и други ликови, неретко ги претставуваат со нејзините играчки.
Резултатот се преслатки креативни фотографии кои сигурно ќе ви го разубават денот.